We often talk about how we need to re-think the way our economies and our societies function. How we need to move away from the idea of constant economic growth. To stop seeing GDP as the ultimate measure of success. To move towards new “systems” that ensure prosperity and security for everyone. But what would that look like? A few years ago, the Green Deal or Green New Deal concept became the adopted name for such a system. Through it, we will combat the climate crisis and the injustices and inequities that have cast a dark cloud over the world we live in. It has been defined by activists, academics and politicians in various, and often contradicting ways. Over the past few months, a growing group of citizens and organisations have been designing and developing what will become a Green Deal for North Macedonia.
On the 11th December 2019, almost a year ago, the European Commission launched its very own European Green Deal; a 24-page document outlining a radical project with the ultimate aim of making the EU carbon-neutral by 2050. The plan will affect every area of life as we know it from the economy, to biodiversity conservation, agriculture, and, of course, energy.
The European Green Deal, however, has received widespread criticism for being yet another “greenwashing” exercise that continues to push economic growth through green-tinted glasses assuming that we can continue living as we do by simply switching from fossil fuels to renewable energy.
The Coalition of the Future
But the Green Deal is not just a term used solely by policymakers. Citizens, movements and organisations all over the world have taken the opportunity to develop their own Green Deal projects with the intention to guide and put pressure on their governments to design a better future from the ground up.
One such example is the Coalition of the Future, set up in February 2020 and spearheaded by Kolektiv Z - Young Friends of the Earth Macedonia. Together with a growing number of local organisations and initiatives, the coalition is laying the foundations for a Green Deal for North Macedonia through open and far-reaching dialogue in order to ensure that as many intersections of society as possible are represented in the final vision.
The Macedonian Green Deal is currently built around 9 thematic areas (or contours) namely:
Participatory governance and decision-making
Sustainable systems for cultivation and distribution of food and prosperity of rural areas
Decarbonisation, decentralisation and renewal of the energy system
Natural capital: protection and restoration of ecosystems
Public health and depollution of air, water and soil
Social justice and access to dignified work
Art, culture, education and building skills and knowledge
Circular economy: sustainable production, consumption and trade
Financing the transition
A green and just recovery post-COVID-19
A month after the inception of the coalition, the world was brought to a screeching halt as the Coronavirus pandemic quickly spread to practically every corner of the globe. The pandemic further highlighted the fragility and weaknesses of the global economic structures and, in turn, the need to rethink and rebuild them. An already vulnerable region, the Western Balkans have been hit pretty hard by the pandemic and will no doubt struggle significantly as the world slips into another recession in its aftermath. With the first round of Green Deal discussions still fresh, Kolektiv Z - Young Friends of the Earth Macedonia together with SEENET also opened up a dialogue with entities from across the region through a Regional Forum and a collaborative document in order to put together a green and just recover plan for the Balkans with the intention of subsequently laying the foundations for a Balkan Green Deal.
Next steps
Since then, the Coalition of the Future has continued to work on developing the contours for a Green Deal for North Macedonia including recent talks with the Ministry of Environment and Physical Planning which should ensure that the end product will be taken into consideration on a policy level.
The coalition is also finalising the online platform Zelen Glas (Green Voice) which will serve as a tool for people to input their thoughts and visions for a future they’d like to see in 2030 which will, in turn, help to design the country’s Green Deal.
10 months after the Coalition’s first meeting, the world is a very different place but the need for designing a socially and environmentally just future is now more urgent than ever. On Monday 30th November, the Coalition of the Future will be meeting virtually to expand on and fine-tune the work that started pre-COVID back in February. The Green Deal for North Macedonia needs to represent the needs and tackle the struggles of all sectors of society and it can only achieve this if such sectors are represented at these discussions. The Coalition of the Future is inviting interested citizens and organisations to join in the discussion in order to help design a future for North Macedonia that works for everyone.
Во подготовка е народниот Зелен договор за Северна Македонија
Често зборуваме за тоа како треба да го реобмислиме начинот на функционирање на нашите економии и општества, како треба да се тргнеме од идејата за бесконечен економски раст, како треба да престанеме да го гледаме БДП како беспрекорна мерка за успех, како треба да се придвижиме кон нови „системи“ кои обезбедуваат просперитет и сигурност за секого. Но, како би изгледало тоа? Пред неколку години, концептот „Зелен договор“ или „Зелен нов договор“ [Green (New) Deal] стана општо прифатено име за стигнувањето до ваков систем. Низ оваа рамка, би се бореле против климатската криза, неправдите и нееднаквостите што фрлаат мрачен облак врз светот во кој живееме. Зелениот договор е дефиниран од активисти, академици и политичари на различни и честопати контрадикторни начини. Во текот на изминатите неколку месеци, растечката група на граѓани, иницијативи и организации дизајнира и развива рамка која ќе стане Зелен договор за Северна Македонија.
На 11-ти декември 2019 година, пред речиси една година, Европската комисија започна свој сопствен Европски Зелен договор, документ од 24 страници во кој е наведен радикалниот потфат со крајна цел Европската Унија да стане јаглеродно-неутралена до 2050-та година. Планот ќе влијае на секоја област од животот каков што го знаеме од економијата, до зачувување на биолошката разновидност, земјоделството и се разбира, енергијата.
Европскиот зелен договор, сепак, добива широки критики дека е уште една вежба за „зелено миење“ (greenwashing) што продолжува да инсистира на економски раст преку ‘зелени очила’, претпоставувајќи дека можеме да продолжиме да живееме како што живееме со едноставно преминување од фосилни горива во обновлива енергија.
Коалицијата на иднината
Но, Зелениот договор не е термин што го користат единствено креаторите на политики. Граѓаните, граѓанските движења и организациите низ целиот свет ја искористија можноста да развијат свои проекти за Зелен договор со намера да ги водат и да вршат притисок врз нивните влади да дизајнираат поздрави општества и подобра иднина од темел.
Еден таков пример е Коалицијата на иднината, формирана во февруари 2020 година и предводена од Колектив Зет - Young Friends of the Earth Macedonia. Заедно со се’ поголем број на локални организации и иницијативи, Коалицијата ги поставува темелите на Зелениот договор за Северна Македонија преку отворен и далекусежен дијалог со цел да обезбеди што е можно повеќе пресеци на општественото живеење да бидат реално претставени во крајната визија за национален Зелен договор.
Македонскиот Зелен договор во моментов е изграден околу 9 тематски области (или контури), имено:
Партиципативни начини на управување и донесување одлуки
Одржливи системи за култивација и дистрибуција на храна и рурални области
Декарбонизација, децентрализирање и обновување на енергетскиот систем
Природен капитал: заштита и обновување на екосистемите
Јавно здравје и прочистување на воздухот, водите и почвата
Социјална праведност и пристап до достоинствена работа
Уметност, култура, образование и градење на вештини и знаења
Циркуларна економија: одржливо производство, потрошувачка и трговија
Финансирање на транзицијата
Зелено и праведно закрепнување по КОВИД-19 пандемијата
Еден месец по здружувањето на Коалицијата, светот успори заради брзото ширење на коронавирус пандемијата до практично секој агол на земјината топка. Пандемијата дополнително ги истакна кревкоста и слабостите на глобалните економски структури и потребата од нивно реобмислување и обнова. Како веќе ранлив регион, Западниот Балкан е погоден прилично силно од пандемијата и значителна борба со социјалните и економските последици од пандемијата допрва следи. Со првиот круг на дискусии за Зелен договор сè уште свеж, Колектив Зет - Young Friends of the Earth Macedonia заедно со SEENET (South East Europe Network on Energy and Transport) исто така отворија дијалог со групи и движења од целиот регион преку Балканскиот регионален форум и колаборативниот документ со цел да се состави Балкански План за зелено и праведно закрепнување со намера потоа да се постават и темелите на Балканскиот Зелен договор.
Следни чекори
Оттогаш, Коалицијата на иднината продолжи да работи на развивање на контурите за Зелен договор за Северна Македонија, вклучувајќи ги неодамнешните разговори со Министерството за животна средина и просторно планирање, кои треба да се осигураат да крајниот производ биде земен во предвид на ниво на градење релевантни политики.
Коалицијата исто така ја финализира онлајн платформата Зелен Глас што ќе служи како алатка за луѓето да ги внесат своите мисли и визии за идеалното општество во кое сакаат да живеат во 2030-та година, а со тоа да придонесат и со креирањето на Зелениот договор за земјата.
10 месеци по првиот состанок на Коалицијата, светот е многу поинакво место, но потребата за активно креирање на социјално и еколошки праведна иднина е поургентна сега од кога и да било. Во понеделник, на 30-ти ноември, Коалицијата за иднината ќе се состане онлајн за да ја прошири и продлабочи работата започната пред пандемијата во февруари. Зелениот договор за Северна Македонија треба да ги претставува потребите и да се справува со борбите на различните заедници и сите делови во општеството и тоа може да го постигне само доколку сите сектори и заедници се претставени и се вклучат во овие дискусии. Коалицијата на иднината ги поканува заинтересираните граѓани и организации да се вклучат во дискусијата со цел да помогнат во дизајнирањето на праведна и одржлива иднина за секој во државата.
Comments