top of page
Writer's pictureThe Climate Herald

Did You Feel That? Last Winter was Europe’s Warmest Ever


Many Macedonians woke up to the first bit of snow they had seen all winter last Sunday, two days into Spring. The few days where a light layer of snow coated places like Skopje and Strumica were the exception to an otherwise warm and dry winter. So warm in fact that it smashed records according to climate scientists.


According to entities like the EU’s Copernicus Climate Change Service and NASA, the 2019/2020 winter was the hottest in Europe “by far” as the average temperature across the continent went up to 3.4°C above the average. Globally, the season was the second warmest on record right after 2016 which was exacerbated by El Niño; a natural occurrence when the planet experiences warming sea in the Pacific Ocean and warms the planet more than usual. It is important to keep in mind that 2019 was also the second hottest year on record.



European temperature anomalies for December 2019 - February 2020 (source: NOAA)

Climate scientists and meteorologists have once again reiterated that the observed warming during the past winter is largely attributable to man-made climate change. The National Climate Assessment in the United States confirmed that “human activities, especially emissions of greenhouse gases, are the dominant cause of the observed warming since the mid-20th century.”


The extent of warming varies in different parts of the world. In January and February, Helsinki, Finland experienced a whopping 6°C above average. In North Macedonia, average temperatures were 2.3°C above the average making it the third warmest winter in the county on record. In the Southern Hemisphere, Australia’s summer was not only characterised by large bushfires which devasted massive parts of the country but it also went down as the second hottest documented. Antarctica’s temperatures also went above 20°C for the first time on record.


Europe’s exceptionally warm winter affected many aspects of daily life including agriculture and various types of food and drink production such as Germany’s ice-wine harvest which was written off as a failure this year. Winter sports and tourism were also negatively affected as countries like Sweden and Russia were forced to import snow for their sporting events. The situation was no different in the Balkans as many ski resorts across the region had to rely on artificial snowmakers to keep their resorts open. In Barsov, Romania this was not even possible when temperatures rose to 17°C making it too hot to even produce artificial snow leading to the ski resort’s closure for at least one month. After multiple complaints and requests by resorts around Montenegro who had no artificial snowmakers, the government has promised to make them available next year.


The ski centres in Mavrovo and Popova Šapka in North Macedonia had their snowmakers running full time to meet the minimum requirements for snow sports and to stay open as the areas had anywhere from just 30cm of snow to nothing at all at different times. The Chamber of Tourism confirmed this season as being weaker than most. This situation confirms earlier reports that the climate crisis will threaten the existence of at least 6 of the 7 ski resorts in the country as temperatures continue to warm and snow security dwindles.


As the world currently exists at 1.2°C warming and hurtling uncontrollably towards to the 1.5°C threshold that scientists have warned us to avoid, signs like this exceptionally hot winter serve as further (and unnecessary at this point) confirmation of this. Of course, the closures of ski resorts and the failing of ice-wine harvests are just tip-of-the-iceberg consequences of what is in store. Agriculture, water security, biodiversity, and the spread of diseases along with so many other aspects of our daily lives are on the line without immediate and effective action to slow down the climate crisis and change the economic system that facilitates its exacerbation.


Sources


 

Го почувствувавте ли тоа? Изминатата зима беше најтопла во Европа досега.


Многу Македонци минатата недела, на вториот ден од пролетта, се разбудија со првиот снег за оваа сезона. Неколкуте денови со лесен слој од снежна покривка во повеќе градови низ државата беа исклучок од инаку топлата и сува зима. Толку топла што според климатските научници ги надмина досега измерените рекорди.


Според институции како што е Управата за климатски промени на Коперник на ЕУ и НАСА, зимата во 2019/2020 година беше од далеку најжешката измерена зима во Европа; просечната температура на целиот континент се искачи за 3,4°C над просекот. Глобално, оваа сезона беше втората најтопла според мерењата, веднаш после зимата во 2016-та година што беше влошена заради Ел Нињо: природна појава кога планетата доживува затоплување на морето во Тихиот океан и ја загрева планетата повеќе од вообичаено. Важно е да се има во предвид дека 2019-та година беше рекордно втора најтопла година некогаш измерена.


Европски температурни аномалии за период од декември 2019 година - февруари 2020 година (извор: НОАА)

Климатските експерти и метеоролозите уште еднаш потврдија дека забележаното затоплување во текот на минатата зима е последица на климатската криза како резултат на екстрактивниот капиталистички економски систем. Националната Климатска Проценка во САД потврди дека „човековите активности, особено емисиите на стакленички гасови, се доминантна причина за забележаното затоплување од средината на 20-тиот век“.


Степенот на затоплување варира во различни делови на светот. Во јануари и февруари во Хелсинки (Финска) просечните температури беа покачени за неверојатни 6°C. Во Северна Македонија просечните температури беа 2,3°C над просекот што оваа зима ја прави трета рекордно најтопла зима во регионот. Во јужната хемисфера, летото во Австралија беше карактеризирано со големи пожари што уништија огромни делови од земјата, населени места и при кој изгубивме голем број на животни. Тоа беше документирано како второ најжешко документирано лето во Австралија. Температурите на Антарктикот пак, исто така, за прв пат се искачија над рекордни 20°C.


Исклучително топлата зима во Европа влијаеше на многу аспекти од секојдневниот живот, вклучувајќи и на земјоделието и различните видови на производство на храна и пијалоци, како што е на пр. жетвата за таканареченото замрзнато вино во Германија, која беше опишана како голем неуспех оваа година. Зимските спортови и туризмот исто така беа погодени бидејќи земјите како Шведска и Русија беа принудени да увезуваат снег за своите спортски настани. Состојбата со зимските спортови и туризмот не се разликуваше на Балканот, бидејќи многу ски-центри низ регионот мораа да се потпираат на вештачко производство на снег за да ги задржат своите зимски одморалишта отворени. Во Барсов, Романија, температурите се искачија до 17°C, што ја направи оваа сезона премногу топла таму дури и за производство на вештачки снег. Тоа доведе до затворање на ски-центарот за најмалку еден месец во текот на сезоната. Туристичките работници во Црна Гора по повеќекратни поплаки и барања до владата заради тоа што досега немаа можност за производство на вештачки снег, добија ветување дека машини за вештачки снег ќе бидат набавени за ски-центрите следната година.


Скијачките центри во Маврово и Попова Шапка во Северна Македонија кои имаат услови за производствао на вештачки снег, оваа сезона работеа со полна пареа за да ги исполнат минималните услови за зимски спортови и на тој начин да останат отворени цела сезона. Во овој регион имаше помеѓу 0 см до најмногу 30 см снег во различен период во текот на зимата. Стопанската Комора за Туризам потврди дека оваа сезона е послаба од повеќето предходни сезони. Ваквата состојба ги потврдува претходните извештаи дека климатската криза е закана аа постоење на најмалку 6 од 7-те ски-центри во земјата бидејќи температурите продолжуваат да се зголемуваат и можностите за природен снег во текот на зимскиот период се многу намалени.


Глобалното затоплувањето во моментов е 1,2°C над пред-индустриско ниво и неконтролирано се движи кон 1,5°C што научниците нè предупредуваат да го избегнеме. Карактеристиките на оваа исклучително топла зима служат само како дополнителна потврда за ова. Се разбира, затворањето на ски-центрите и неуспехот на жетвата на замрзнато вино се само две последици кои ќе продолжиме да ги чувствуваме во рамките на ваквите топли зими. Земјоделието, безбедноста на храната, чистата вода, биолошката разновидност и ширењето на болести, како и многу други аспекти од нашиот секојдневен живот се крајно загрозени доколку не превземаме итна и ефикасна акција за забавување на климатската криза и менување на економскиот систем кој го олеснува нејзиното влошување.


Извори




Comments


bottom of page