For Macedonian, scroll to the bottom of the article

Ending Coal Use Is Not Enough, We Need a Just Transition


Photo: Pedro Henrique Santos

Dirty energy is dying and the transition to clean energy is well underway. But what does that mean for the millions employed in the fossil fuel industry and the regions that have since lived off of them? How will the consumer, particularly those living in energy poverty be affected by the transition? Will the clean energy industry be run by the same large corporations who will put profit above the people? We need a just transition from dirty to clean energy to avoid repeating old mistakes.


If we want to tackle the climate crisis, stopping the mining and burning of coal is vital. The world gets almost half of its energy from coal which is responsible for 46% of all CO2 emissions and 72% of all greenhouse gas emissions from electricity generation.


In 2018, North Macedonia obtained almost half of its energy from the burning of lignite coal. Lignite, a type of brown coal, is widely used across the Western Balkans and is even dirtier than black coal used elsewhere. In 2016, 16 of the coal-powered plants around the region emitted as much sulphur dioxide as all of the 250 power plants in the European Union.


Apart from being the biggest source of greenhouse gas emissions worldwide, coal mines around the world have ravaged the communities around them and the air pollution from coal-burning has overwhelmed health systems with unprecedented numbers of respiratory and cardiovascular diseases. Anyone living in cities like Skopje and Bitola can attest to this.


The good news is that the transition away from coal is well underway. Coal generation fell by 32% in Europe during the first half of 2020 and renewable energy is growing and becoming more economically feasible.


North Macedonia’s new Strategy for Energy Development will likely see the country phase-out coal by 2025, making it the first country in the region to set out such a concrete plan.


“Transition is inevitable. Justice is not.”

- Climate Justice Alliance


Phasing out coal is not a question of “if” but rather “when” to which the answer should be “as soon as possible”. But phasing out coal needs to involve much more than closing down mines and coal-fired power stations. For example, the coal mining industry alone employs about 8 million people. When designing the transition, we need to obtain a clear picture of who will be affected by it and how it can be done in a way that does not impact them negatively. This is where ‘just transition’ comes in.


Just Transition


In the 1990s, trade unions coined the term ‘just transition’ to protect the livelihood of workers and communities that were reliant on the dirty energy industry who could be unintentionally affected by new policies aimed at tackling environmental issues. It is now a term recognised and discussed by civil society movements and even during the UNFCCC climate negotiations.


The Climate Justice Alliance refer to it as a “shift from an extractive economy to a regenerative economy.” This shift refers to a transition that is not paid for by the poor and vulnerable but rather safeguards their wellbeing. At the same time, a just transition is not about bailing out the big energy companies who hold investments in the fossil fuel industry. A just transition must take the past, present and future into consideration as it must address historical wrongdoings of the extractive economy, it must focus on building relationships from the ground up and it must harness these for long term prosperity.


Till this day, big energy companies use the excuse of loss of jobs to delay decarbonising our economies but this is an argument that does not hold water in a just transition scenario.


“The real choice is not jobs or environment. It is both or neither.”

- Friends of the Earth Europe


The features of a just transition are multi-faceted and involve a lot more than job security. Below is a collection of some of the principles put forward by different movements, organisations and research groups:


  • Safeguarding employment: the transition should ensure that people working in the fossil fuel industry are not left behind, for instance, through requalification. This involves providing them with the skills and opportunities to obtain meaningful and rewarding employment in other sectors, such as those that will play a big role in the transition (e.g. the renewable energy sector).

  • True Stakeholder Involvement: Possibly one of the most important and widely discussed principles of just transition. Anyone affected by the transition must be well-informed and involved in the decision-making processes of the transition.

  • Democratic Ownership: The best way to achieve effective stakeholder participation would be through community-owned and controlled energy systems that put the people’s and the workers’ best interests first.

  • Funding: governments and financial institutions have subsidised and bailed-out polluting industries for decades and that has brought us to the situation we find ourselves in. A just transition needs to involve; funding and government support which helps bottom-up and participatory projects, allocating funds fairly and to those who need it most, and should reward ambition. Needless to say, fossil fuels investment must no longer be supported.

  • Regeneration and redistribution: this involves understanding the historical injustices and damages done by our previous economies and righting those wrongs by breathing life back into those regions and sectors.


As the Western Balkans looks to kick start its transition away from coal it has the opportunity to take these principles into account rather than simply shifting from coal to alternative energy sources while attempting to continue working in the same way as before. With the European Commission in the process of setting up the Initiative for Coal Regions in Transition in the Western Balkans and Ukraine now is an ideal time to have such conversations. In fact, a coalition of civil society movements and organisations from the region have already put forward recommendations for a just transition.


A just transition goes beyond choosing clean energy over fossil fuels. It ensures human and planetary wellbeing above all else; fair and meaningful work, food sovereignty, land rights, peace, zero waste, and ecosystem restoration to name a few.


Запирањето на употребата на јаглен не е доволно, потребна ни е праведна транзиција


Слика: Педро Хенрике Сантос

Валканата енергија од фосилни горива умира и транзицијата кон чиста обновлива енергија е во тек. Но, што значи тоа за милионите вработени во индустријата за фосилни горива и регионите што оттогаш живеат од ова? Како потрошувачите, особено оние кои живеат во енергетска сиромаштија ќе бидат засегнати од транзицијата? Дали индустријата за чиста енергија ќе ја водат истите големи корпорации кои пред се’ ги ставаат своите профити наместо луѓето? Потребна ни е праведна транзицијаод валкана кон чиста енергија за да го избегнеме повторувањето на старите грешки.


Ако сакаме да се справиме со климатската криза, стопирањето на рударството и горењето јаглен е од витално значење. Приближно половина од енергијата произведена во светски рамки доаѓа од јагленот, кој е одговорен за 46% од сите емисии на CO2 и дури 72% од сите емисии на стакленички гасови од производство на електрична енергија.


Во 2018-та година, речиси половина од енергијата во Северна Македонија беше добиена од горење на јаглен - лигнит. Лигнитот е вид на кафеав јаглен кој широко се користи во регионот на Западен Балкан и е уште повалкан од црниот јаглен што се користи на други место. Во 2016-та година, 16 од постројките на јаглен кои работат во регионот испуштиле исто толку сулфурен диоксид како сите 250 електрани во Европската Унија заедно.


Освен што се најголеми извор на емисии на стакленички гасови ширум светот, рудниците за јаглен низ целиот свет ги опустошуваат заедниците во чија близина функционираат и го загадуваат воздухот при горењето на јаглен. Како резултат на тоа, здравствените системи се преоптоварени со екстремно голем број на заболени од респираторни и кардиоваскуларни болести. Секој што живее во градови како Скопје и Битола може да го потврди ова.


Добрата вест е дека транзицијата на напуштање на јагленот е во тек. Производството на јаглен опадна за 32% во Европа во текот на првата половина на 2020-та година, додека обновливите извори на енергија растат и стануваат дури и економски попривлечни.


Со новата Стратегија за развој на енергетиката во Северна Македонија е планирано фазно оддалечување од користењето на јагленот во земјата до 2025-та година, со што државата стана првата земја во регионот што утврдила конкретен план на оддалечување од оваа фосилна зависност.


„Транзицијата е неизбежна. Правдата не е“.

- Алијанса за климатски правда (Climate Justice Alliance)


Оддалечувањето од користење на јагленот не е прашање на тоа „дали ќе се случи“ туку „кога ќе се случи,“ а одговорот треба да биде „што е можно побрзо“. Но исфрлањето на јагленот од употреба мора да вклучи многу повеќе од само затворање на рудниците и електраните на јаглен. На пример, индустријата за рударство на јаглен на глобално ниво вработува околу 8 милиони луѓе. При дизајнирање на транзицијата, мораме да формираме јасна слика за тоа како таа ќе влијае на работниците во истата и како може таа да се изведе на начин кој нема да влијае негативно врз нив. Ова е моментот за дискутирање и планирање на „праведна транзиција“.


Праведна транзиција


Во 90-тите години, синдикатите го склопија терминот „праведна транзиција“ за да ја заштитат егзистенцијата на работниците и заедниците кои се потпираат на валканата енергетска индустрија и кои се засегнати од новите политики насочени кон решавање на проблемите со животната средина. Сега терминот е признат и дискутиран од страна на бројни граѓански движења кои работат кон постигнување на праведна транзиција во различни региони, а е дискутиран и за време на климатските преговори на Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC).


Алијансата за климатски правда ја нарекува праведната транзиција „промена од екстрактивна економија во регенеративна економија“. Оваа промена се однесува на транзицијата што не паѓа на грбот на сиромашните и ранливите, туку ја штити нивната благосостојба. Во исто време, при праведна транзиција не станува збор за „спасување” на големите енергетски компании кои инвестираат во индустријата за фосилни горива. Правилната транзиција мора да ги земе предвид минатото, сегашноста и иднината заради историските престапи и неправедности од страна на екстрактивната економија. Таа мора да се фокусира на градење на односите од надолу кон нагоре и мора да ги одржува истите за долгорочен просперитет на самите работници, граѓани и заедници наместо корпорации.


До денес, големите енергетски компании се уште го користат „губењето на работните места” од индустријата како изговор, за да го одложат декарбонизирањето на нашите економии, но овој е аргумент што не е валиден земајќи ги во предвид принципите на праведната транзиција.


„Вистинскиот избор не е помеѓу работни места или животната средина. Или двете или ниедно“.

- Friends of the Earth Europe


Принципите на праведната транзиција се повеќестрани и вклучуваат многу повеќе од безбедни работни места. Подолу е даден збир на некои принципи изнесени од страна на различни граѓански движења, засегнати заедници, организации и истражувачки групи:


  • Заштитено вработување: при транзицијата мора да се заштитат луѓето што работат во фосилната индустрија - да се обезбедат потребите на истите за тие да не бидат оставени на цедило. Ова на пример, може да се направи, меѓу другото, и преку таргетирана реквалификација на вработените во фосилната индустрија. Ова вклучува и обезбедување на вештини и можности за добивање на значајно и соодветно вработување во други сектори, како што се на пример оние сектори кои ќе играат голема улога во транзицијата (на пр. секторот за обновлива енергија).

  • Вистинско вклучување на засегнатите страни: Можеби е еден од најважните и најшироко дискутираните принципи на праведната транзиција. Секој кој е засегнат од транзицијата мора да биде добро информиран и вклучен во процесите на донесување на одлуки во однос на тоа како ќе се изведе транзицијата.

  • Демократска сопственост: Најдобар начин за да се постигне ефективно учество на засегнатите страни е преку енергетски системи во сопственост на граѓаните и контролирани енергетски системи од заедницата што на прво место ги ставаат интересите на луѓето и работниците.

  • Финансирање: Владите и финансиските институции со децении ги субвенционираат и ги ослободуваат загадувачки индустрии од даноци, па тоа нè доведе до ситуацијата во која се наоѓаме. За транзицијата да биде праведна треба да вклучува: финансирање и поддршка од владите со можности за помош на мали проекти за обновлива енергија и партиципативни активности, фер распределување на средствата на оние на кои им е најпотребно, како и наградување на висока климатска амбиција. И секако, прво и најосновно, стопирање на инвестициите во било какви фосилни горива.

  • Регенерација и редистрибуција: ова вклучува разбирање на историските неправди и штети направени од неолибералниот економски систем и исправање на овие грешки преку регенерирање на тие региони и сектори.


Бидејќи регионот на Западен Балкан ја започнува својата транзиција со оддалечување од употребата на јаглен, има неверојатна можност да ги земе предвид овие принципи наместо само да се префрли од јаглен на обновливи извори на енергија, обидувајќи се да продолжи да работи на ист начин како порано. Со Европската Комисија во процесот на воспоставување на Иницијативата за региони на јаглен во транзиција во Западен Балкан и Украина сега е идеално време да се спроведат овие разговори на секое ниво. Всушност, коалиција на граѓански движења и организации од регионот веќе има изнесено препораки за праведна транзиција.


Праведната транзиција не е само замена на валканите фосилни горива со чиста енергија. Во сржта на праведната транзиција е да ги обезбеди човековите права и планетарната благосостојба пред сè; да обезбеди фер и значајна работа, суверенитет на храна, права на земјиште, мир, нула отпад и реставрација на екосистемите.