For Macedonian, scroll to the bottom of the article

North Macedonia and the Climate Negotiations

Monday, 2nd of December 2019 saw the beginning of the 25th UNFCCC Conference of the Parties (COP25) which, after a few agonising days of uncertainty less than a month ago, was moved to Madrid, Spain, under Chilean Presidency. The social justice uprising in Chile that brought over a million peaceful protesters to the streets of Santiago at the end of October of this year was met with violent repression of demonstrators by Piñera’s regime and used as an excuse to cancel the climate negotiations that were to be held there. This attempt of the Chilean government to divert the international community’s attention away from the staggering social inequalities and environmental injustices experienced by the Chilean people was denounced by climate justice groups and movements from across the globe.


While autumn of 2019 has been marked by mass mobilisations demanding social, environmental, economic and energy justice around the world, we are also witnessing the largest numbers of climate justice demonstrations led by youth worldwide - a movement making visible the interwoven links between the enhanced suffering globally from the precarious neoliberal system, austerity measures, closed borders, and the climate and ecological breakdown. Millions of climate strikers took to the streets on November 29th, putting forward concrete demands for systemic transformation.



Photo: Nebojsa Gelevski (Facebook)

North Macedonia’s Climate Mobilisation and Government’s Inaction


Skopje, the capital of North Macedonia, witnessed the biggest ever climate protest with at least a couple thousand people from across the country flooding the streets demanding climate justice and clean air. This comes as no surprise after years of government’s failure to hold big polluters accountable for Skopje’s continuous chart-topping performance as the most polluted city in the world. A recent survey conducted by the Ministry of Environment and Physical Planning and UNDP also shows Macedonians’ increasing awareness of government’s inaction regarding climate and environmental issues. While protesters were chanting “We want to breathe!” in front of the government’s building on Friday, a government delegation was shaking hands with Turkey’s number one human rights abuser Erdogan and with Azeri officials at the official ceremony marking the completion of the Trans Anatolian Natural Gas Pipeline (TANAP).


Macedonia’s National Energy Development Strategy (NEDS) until 2040 (which includes green scenario) is finally open to the concerned public for comments after almost a year of being held hostage inside the Deputy Prime Minister’s Cabinet. The government has shown very little interest in consulting the Strategy or any other feasibility study before deciding to put the country in debt in order to gasify under the false pretence of low (read: not the real price of gas) energy prices for the final consumer.


This comes only a day after the EU Parliament’s decision to declare a climate emergency, and a couple of weeks after the European Investment Bank’s decision to phase out fossil fuel financing. For a government that has solely worked towards EU accession without a plan B, one would think that North Macedonia would follow suit instead of glorifying the Southern Gas Corridor, and with that, also contributing to the destruction of the environment and thousands of peoples’ lives and livelihoods for the benefit of a few. With recent studies showing the link in increased earthquake frequency and gas extraction as well as a devastating earthquake in Albania, this decision is even more concerning.


What’s COP25 got to do with it?


North Macedonia, as a small non-Annex I country has little say in the negotiations and follows the European Union’s stance due to the country’s EU accession aspirations. With the EU having supported polluters and being proponent of false solutions in the past, it is left for us to see how they will act this year, with carbon markets, global stock take on pre-2020 ambition and implementation, loss and damage (Warsaw International Mechanism), Article 6 of the Paris Agreement, and outstanding financial issues still up in the air.


North Macedonia, however, is a country with great momentum for socio-economic and ecological transformation. In the past few years it has built some institutional capacity for monitoring and reporting its contributions towards the UNFCCC and the EU, through the preparation and submission of its Second Biennial Update Report (BUR) on Climate Change and the Third National Communication (NC), the preparation of the Third BUR and Fourth NC, the preparation of the NEDS following the 5 pillars set out in the National Energy and Climate Plan (NECP) guidelines, the Long-term Strategy and Law on Climate Action, and most recently, with the establishment of the MRV (Monitoring, Reporting and Verification) unit under the Capacity-building Initiative for Transparency (CBIT) project.


At COP24, the country was the first of the Western Balkan countries to support the High Ambition Coalition, and sign on to the Solidarity and Just Transition Silesia Declaration.


While a lot of (paper) work has been done nationally in terms of climate action, we have seen both little to no implementation, and a lack of transparency and inclusion of the most affected people and communities in the process. This intensifies the urgency of needed systemic transformation built from below, and it is very hopeful seeing an engaged social forum that continues to build momentum for action and readiness to hold the government accountable, as well as grassroot conversations on what would a Green Deal for Macedonia would look like.


Follow us here as we report back from the climate negotiations, we deconstruct the possible implications of COP25 decisions on North Macedonia and amplify people’s demands for climate and social justice in the process and its outcomes.


This article was made possible thanks to SEENET -South East Europe Network for Natural Resources, Energy and Transport

Северна Македонија и Климатските Преговори


Во понеделникот, на 2ри декември 2019 година, започна 25-тата Конференција на Партиите при Рамковната Конвенција за Климатски Промени на Обединетите Нации (COP25), која по неколку денови на неизвесност пред помалку од еден месец, беше преместена во Мадрид, Шпанија, под Чилеанско претседателство. Мобилизирањето за социјална правда во Чиле кое извади над милион мирни демонстранти на улиците на Сантијаго на крајот на октомври оваа година беше дочекано со насилна репресија на демонстрантите од режимот на Пињера и се искористи како изговор за откажување на климатските преговори што требаше да се одржат таму. Овој обид на чилеанската влада да го одвлече вниманието на меѓународната заедница подалеку од големата социјална нееднаквост и неправдите во животната средина кои ги искусува чилеанскиот народ беше осуден од групите и движењата за климатски правда од целиот свет.


Додека есента од 2019 година беше обележана со масовни мобилизации кои бараат социјална,еколошка,економска и енергетска правда ширум светот, сведоци сме и на најголем број на демонстрации за климатска правда досега, предводени од младите околу светот - движење што ги прави видливи испреплетените врски помеѓу сè поголемото страдање на глобално ниво од неолибералиот систем, мерките за штедење, затворените граници и климатскиот и еколошкиот слом. Милиони протестанти за климатска правда излегоа на улиците на 29-ти ноември, поставувајќи конкретни барања за системска трансформација.


Фото: Небојша Гелевски (Фејсбук)

Климатска Мобилизација и Владина Небрежност во Северна Македонија


Скопје, главниот град на Северна Македонија, во петокот на 29ти ноември беше домаќин на досега најголемиот климатски протест каде неколку илјади луѓе од целата земја ги преплавија улиците барајќи климатска правда и чист воздух. Ова не изненадува после неколкугодишниот неуспех на владата на РСМ да бара одговорност од големите загадувачи за континуираната изведба на Скопје како најзагаден град во светот. Неодамнешната анкета спроведена од Министерството за животна средина и просторно планирање и УНДП, исто така ја покажува зголемената свест на Македонците за неактивноста на владата во однос на климатските промени и животната средина. Додека демонстрантите скандираа „Сакаме да дишеме!“ пред зградата на владата во петокот, владина делегација во Грција се ракуваше со број еден прекршувачот на човекови права од Турција, Ердоган, и со азербејџанските власти, на официјалната церемонија по повод пуштањето во употреба на Транс-анадолискиот гасовод (TANAP).


Националната стратегија за развој на енергетиката во Македонија (NEDS) до 2040 година (која вклучува и зелено сценарио) конечно беше отворена за засегнатата јавност за коментари по скоро една година заложништво во кабинетот на Вицепремиерот за економски прашања. Владата покажа многу мал интерес за консултација со Стратегијата или која било друга студија пред да донесе одлука да ја задолжи државата со цел да ја гасифицира под лажниот изговор за ниските (читај: не вистинската цена на гасот) цени за енергијата за крајниот потрошувач.


Овие вести ги добивме само еден ден по одлуката на Европскиот Парламент да прогласи вонредна состојба во однос на климата и неколку недели по одлуката на Европската банка за инвестиции да го прекине финансирањето на проекти за фосилни горива. За влада која работи единствено кон пристапување кон Европската Унија без план Б, би помислиле дека Северна Македонија ќе ги следи чекорите на ЕУ наместо да го глорификува Јужниот гасен коридор и да придонесува кон климатските промени, уништување на животната средина и на животите на илјадници луѓе за корист на само неколкумина. Имајќи ги во предвид неодамнешните студии кои покажуваат поврзаност на зголемената фреквенција на земјотреси со екстракцијата на гас, како и разорниот земјотрес во Албанија, оваа одлука на владата е уште позагрижувачка.


Каква врска има COP25 со тоа?


Северна Македонија, како мала земја која не спаѓа под Анекс I земјите, нема значаен придонес во преговорите и го следи ставот на Европската Унија заради аспирациите на земјата за влез во ЕУ. Со оглед на тоа што ЕУ во минатото има поддржувно загадувачи и лажни климатски решенија, останува на нас да видиме како тие ќе делуваат оваа година со пазарите на јаглерод, глобална проверка на амбиција и имплементација пред-2020, механизмот за загуба и штета (Warsaw International Mechanism), член 6 од Парискиот договор и останатите финансиски проблеми, дискусиите за кои сè уште се во тек.


Сепак, Северна Македонија е земја со голем потенцијал за социо-економски и еколошки трансформации. Во изминатите неколку години, државата изгради незамерлив институционален капацитет за мониторинг и известување за своите придонеси кон УНФЦЦЦ и ЕУ, преку подготовка и доставување на Вториот Двегодишен Извештај за климатски промени (SBUR) и Третата Национална Комуникација (NC), подготовката на третиот БУР и четвртата Национална Комуникација, подготовката на Енергетската Стратегија според 5те столба утврдени во упатствата за Националниот план за енергија и клима (NECP), подготовката на Долгорочната стратегија и Закон за климатска акција, а неодамна и со воспоставување на единицата за МРВ (мониторинг, известување и верификација) во рамките на проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT)”.


На минатогодишните преговори (COP24), РСМ беше првата и единствена од земјите од Западно Балканскиот регион што ја поддржа Коалицијата за Висока Амбиција и се приклучи кон Декларацијата за солидарност и праведна транзиција на Силесија.


Додека многу работа (на хартија) се има завршено на национално ниво во однос на климатска акција, гледаме малку или непостоечко спроведување на политиките, како и недостаток на транспарентност и вклученост на најпогодените луѓе и заедници од климатската криза во процесот. Ова ја интензивира ургентноста на потребната системска трансформација изградена одоздола, и активниот социјален форум што продолжува да гради граѓанска динамика за дејствување, како и започнатите разговори за тоа како би изгледала Зелената Распределба за Македонија влеваат надеж.


Следете нè овде, каде што ќе известуваме од овогодинешните климатски преговори, ќе продолжиме да ги деконструираме можните импликации на одлуките на COP25 врз Северна Македонија и да ги засилуваме граѓанските барања за клима и социјална правда во процесот и нејзините исходи.


Оваа статија беше овозможена од SEENET -South East Europe Network for Natural Resources, Energy and Transport

This site was designed with the
.com
website builder. Create your website today.
Start Now