top of page
Writer's pictureThe Climate Herald

Paying for the Losses and Damages Caused by the Climate Crisis

In November 2013, during the climate negotiations in Warsaw, Poland, the COP established the Warsaw International Mechanism for Loss and Damage (WIM). This is meant to be a way to assess the loss and damages that are linked with the impacts of climate change that are currently being felt by developing countries. In a way, this was one of the first black-on-white acknowledgements that things like “extreme weather events” could be caused by human activity and needed to be accounted for. The mechanism has three main functions:

  1. Increasing the knowledge and understanding in relation to risk management, loss and damages associated with climate change

  2. Strengthening dialogue, coordination, and coherence among relevant stakeholders

  3. Providing support through finance, technology and capacity building.

The WIM has been a big topic for debate during the first few days at this years’ COP as countries met to discuss its effectiveness after its first two years with the general feeling that the mechanism hasn’t begun to tackle the issues and that it is failing to carry out its third function; that of providing support (mainly financial) to developing countries already feeling the effects of climate change. Numerous countries from the global south weighed in throughout the sessions calling for more support and for the mechanism to be taken seriously by the larger players.


Egypt, speaking on behalf of the Africa Group highlighted that “African governments are already paying 2 to 9 % of their GDP to fund adaptation actions which is around 20% of the estimated annual costs of adaptation in Africa. This is done despite the existing financial constraints and competing needs for social and economic development”. This is a clear example of how developing countries who have contributed the least to the climate crisis, are feeling the brunt of its effects the most while not receiving adequate support from those who are ultimately responsible.



Cyclone Idai, Mozambique, aftermath, 15-16 March 2019 (Denis Onyodi: IFRC/DRK/Climate Centre)

The major parties have come under a lot of fire, in particular, the United States who have simultaneously withdrawn from the Paris Agreement while attempting to block discussion on the Loss and Damage mechanism and remove it altogether from the COP agenda. The Group of 77 (G77), a coalition of 135 developing nations, expressed frustration over the cynicism by major partners and accused them of hindering the much-needed cooperation to overcome the crisis. They said that “unilateralism, isolationism, and pseudo-science threaten our efforts and we have a responsibility to ensure that they do not hijack our ongoing efforts”.


“Millions of people around the world are already ravaged by a climate crisis they didn’t cause. From Africa and Asia to Europe and the Americas, this burden falls disproportionately on the poorest and most vulnerable, particularly women and girls. Ramping up finance to reduce climate impacts and to recover from those unavoided is overdue. COP25 must become the moment where rich countries shift the scales of justice towards the climate-harmed people.”
Sven Harmeling, CARE International

A recent report published through the Civil Society Review, endorsed by nearly 100 civil society organisations found that the US and the EU are “jointly responsible for more than half (54%) the cost of repairing the damage caused by climate disasters in the Global South.” They call on wealthy countries to provide adequate climate finance based on their “fair share” of responsibility using equity analysis which has been based on their historic contributions to the climate crisis via their greenhouse gas emissions. This also takes their capacity for climate action based on national income into account and “what is needed to provide basic living standards.” To put things into perspective, the US owes around 30%, the EU 24%, while India is responsible for just 0.4% of the cost to repair damages done by climate change.


From the inception of the Warsaw International Mechanism, rich countries have avoided committing to action which is truly indicative of their historic responsibility to climate breakdown. Without this, we cannot hope to achieve a just transition away from the climate crisis.


 

Плаќање за Загубите и Штетите предизвикани од Климатската Криза


Во ноември 2013 година, за време на климатските преговори во Варшава, Полска, на 19тата Конференција на Партиите (COP19) беше воспоставен Варшавскиот Меѓународен Механизам за Загуба и Штета (Warsaw International Mechanism for Loss and Damage - WIM). Овој механизам беше замислен да дефинира начин за проценување на загубите и штетите кои се поврзани со влијанието на климатските промени што во моментот ги чувствуваат земјите во развој. На некој начин, ова беше една од првите официјални потврди ‘црно-на-бело’ дека нешта како „екстремни временски услови“ може да бидат предизвикани од човечка активност и дека треба некој да сноси одговорност за тоа. Механизмот има три главни функции:


  1. Зголемување на знаењето и разбирањето во врска со управувањето со ризикот, загубата и штетите поврзани со климатските промени;

  2. Зајакнување на дијалогот, координацијата и кохерентноста помеѓу релевантните засегнати страни;

  3. Обезбедување поддршка преку финансии, технологија и градење на капацитети.


WIM е голема тема на дискусија во текот на првите неколку дена на овогодинешните преговори во Мадрид. Земјите членки на УНФЦЦЦ се состанаа да разговараат за ефикасноста на WIM по првите две години од неговото постоење, со општо чувство дека механизмот се уште не започнал да ги решава проблемите и дека не ја исполнува третата функција за обезбедување поддршка (во главно финансиска) за земјите во развој кои веќе ги чувствуваат ефектите од климатските промени. Бројни земји од глобалниот југ во текот на сесиите повикуваат на поголема поддршка за механизмот да биде сериозно сфатен од поголемите играчи (развиените земји).


Египет, зборувајќи во име на Африканската група истакна дека „Африканските влади веќе плаќаат 2 до 9% од нивниот БДП за да финансираат активности за адаптација што е околу 20% од проценетите годишни трошоци за адаптација во Африка. Ова е направено и покрај постојните финансиски ограничувања и конкурентските потреби за социјален и економски развој“. Ова е јасен пример за тоа како земјите во развој кои придонеле најмалку за климатската криза, најмногу го чувствуваат товарот на нејзините ефекти додека не добиваат соодветна поддршка од оние кои се најодговорни за истата.



Циклон Идаи, Мозамбик, последици, 15-16 март 2019 (Denis Onyodi: IFRC/DRK/Climate Centre)


Најголемите партии наидоа на многу критики, особено САД, кои се повлекуваат од Парискиот договор додека истовремено со сите свои сили се обидуваат да ја блокираат дискусијата за механизмот за „Загуба и Штета“ и целосно да ја отстранат од агендата на Конференцијата. Групацијата 77 (Г77), коалиција од 135 земји во развој изрази оргомно незадоволство за цинизмот на богатите земји и ги обвини дека ја спречуваат потребната соработка за надминување на климатската криза. Тие рекоа дека „унилатерализмот, изолирањето и квази-науката ги загрозуваат нашите напори и ние имаме одговорност да се осигураме тие (богатите земји) да не ги киднапираат нашите тековни напори“.


„Милиони луѓе ширум светот се веќе опустошени од климатската криза што тие не ја предизвикаа. Од Африка и Азија до Европа и Америка, овој товар несразмерно паѓа на најсиромашните и најранливите, особено на жените и девојчињата. Зајакнувањето на финансиите за намалување на климатските влијанија и закрепнување од оние кои веќе не може да се избегнат е многу задоцнето. COP25 мора да биде моментот кога богатите земји ќе ја свртат вагата на правдата кон луѓето погодени од климатската криза“.
Sven Harmeling, CARE International

Неодамнешниот извештај објавен преку Прегледот на граѓанското општество (Civil Society Review) одобрен од скоро 100 граѓански организации, покажа дека САД и ЕУ се „заеднички одговорни за повеќе од половина (54%) од трошоците за санирање на штетата предизвикана од климатските катастрофи во глобалниот југ.” Тие ги повикуваат богатите земји да обезбедат соодветни климатски финансии, врз основа на нивниот „фер удел“ на одговорност користејќи праведна анализа што се заснова на нивните историски придонеси кон климатската криза преку нивните емисии на стакленички гасови. Оваа анализа исто така го зема во предвид нивниот капацитет за климатско дејствување врз основа на нивниот национален приход и „она што е потребно за да се обезбедат основните животни стандарди.“ За перспектива: САД должат околу 30%, ЕУ 24%, додека Индија е одговорна за само 0,4% од трошоците за санирање на штетите направени од климатските промени.


Од почетокот на Варшавскиот Меѓународен Механизам, богатите земји избегнуваат обврска за акција која вистински ја рефлектира нивната историска одговорност за климатската криза. Без ова, не можеме да се надеваме дека ќе постигнеме праведна транзиција која ќе ги превенира најлошите последици на климатската криза.

Comentários


bottom of page