2020 hasn’t been easy. The Coronavirus pandemic, in particular, has put unprecedented pressure on every aspect of our lives. An analysis of Europe’s energy systems for the first half of the year shows us how, throughout all this, renewable energy generation has increased while the fossil fuel industry’s inevitable demise might come sooner than we thought.
The climate and energy think-tank, Ember, carried out a mid-yearly analysis of electricity data obtained from all over Europe between January and the end of June 2020.
Renewable energy generation increased during the first half of the year and provided energy for homes all over the continent without interruption. No interruptions have been forecasted for the summer months either. Wind and solar energy accounted for 21% of Europe’s total electricity generation. A particularly windy February followed by favourable conditions in the second quarter of the year helped wind energy generation rise by 11% and solar by 16%.
In Denmark, an astounding 64% of the energy generated was wind and solar while other countries like Ireland (49%) and Germany (42%) also showed very promising signs. COVID-19 has resulted in a slow down of installations of new solar and wind systems but it has also proven that they can handle large shares of the electricity grid. With improvements to existing grids to make them more flexible, wind and solar energy can overcome issues like negative wholesale energy. This is when more wind and/or solar energy is generated than is needed. With the current grids being “inflexible” actions need to be taken to balance the grid generally hiking up the price for the end-user.
On the other hand, 2020 saw fossil fuels drop by 18% due to an increase in renewable energy generation and a 7% drop in electricity demand thanks to COVID-19. The worst-hit was coal which fell by 32% and currently holds a market share of just 12% in the EU-27. Every country currently generating coal that was analysed reported a drop in production. Germany’s coal production dropped by 39%.
The generation of fossil gas declined in eleven countries. Spain and Italy generated 20% and 16% less respectively. Nuclear energy suffered a similar fate, especially in France which saw a 29.5% drop as it was replaced by more wind energy.
The Climate Herald reached out to Dave Jones, Ember’s senior electricity analyst regarding the situation in North Macedonia. Incomplete data from MEPSO, the country’s electricity grid operator made it difficult to come to any solid conclusions but it would appear that coal generation dropped significantly. Unfortunately, wind and solar are still far behind in order to ensure North Macedonia’s transition from dirty to clean energy. Mr Jones told The Climate Herald:
“It's difficult to be sure of exactly what happened in North Macedonia so far this year, as the electricity grid operator data is a little unreliable. Coal generation seems to have fallen pretty substantially, which is good news for carbon emissions in North Macedonia. However, it seems there's been little acceleration in wind and solar generation, and actually the coal electricity was replaced with extra imports from neighbours. North Macedonia is considering how quickly its coal units will close, but it needs to step up to replace that dirty electricity generation with cleaner generation sooner rather than later.”
- Dave Jones, Senior Electricity Analyst, Ember
The COVID-19 pandemic has exposed a lot of holes in our political and economic systems but it has also shown us what works and what doesn’t. Dave Jones says that “renewables have proved more resilient than fossil fuels in the face of this crisis.” As we continue to fight it and we look to tackle more uncertainties ahead, it is vital for decision-makers to ensure that we transition away from dirty energy and towards clean energy as soon as possible.
Во време на криза, обновливите извори на енергија напредуваат, a фосилната енергија губи
2020-та не е лесна година. Коронавирус пандемијата го погоди секој аспект од нашите животи. Анализата на енергетските системи низ Европскиот континент за првата половина од годината ни покажува како во текот на овој период, производството на обновлива енергија се зголемува, додека неизбежниот колапс на фосилната индустрија може да се случи побрзо отколку што можеме да замислиме.
Тинк-тенкот за клима и енергија Ембер спроведе полугодишна анализа на податоците за електрична енергија добиени од цела Европа за периодот помеѓу јануари и крајот на јуни 2020-та година.
Анализата покажува дека производството на обновлива енергија се зголемило во текот на првата половина од годината и без прекини обезбедувало енергија за домаќинства низ целиот континент. Прекини на добивањето на обновлива енергија не се предвидени ниту за време на летните месеци. Ветрот и сончевата енергија учествувале со 21% од вкупното производство на електрична енергија во Европа. Особено ветровитиот февруари проследен со поволни услови во второто тримесечје од годината помогнало производството на ветерната енергија да се зголеми за 11% и сончевата за 16% во текот на првата половина од оваа година во споредба со истиот период лани.
Во Данска, неверојатни 64% од генерираната енергија била од ветер и сонце, но и други земји како Ирска со 49% и Германија со 42% исто така се со многу ветувачки резултати. Иако COVID-19 го забави самото инсталирање на нови соларни и ветерни системи, во овој период се докажа дека тие можат да дадат голем придонес во електричната мрежа. Со подобрувања на постоечките мрежи со цел истите да бидат пофлексибилни, ветерната и сончевата енергија можат да ги надминат проблемите како „негативната енергија на големо“. Ова се однесува на создавање повеќе ветер и / или соларна енергија отколку што е потребно односно отколку што има побарувачка. Со оглед на тоа што постоечките мрежи се сѐ уште „нефлексибилни“, трошоците за балансирање на мрежата генерално паѓаат на грбот на крајниот корисник.
Од друга страна пак, во 2020-та година уделот на фосилните горива на енергетскиот пазар се намалил за 18% како резултат на зголемувањето на производството на обновлива енергија и падот на побарувачката за електрична енергија воопшто од 7%, благодарение на COVID-19. Најлошо погоден во овој период билјагленот, чие учество паднало за цели 32% и во моментов учествува на пазарот со само 12% во земјите од ЕУ-27. Секоја од земјите земени во предвид во анализата кои во моментов генерираат енергија од јаглен, објавиле значителен пад на производството на јаглен. Во Германија производството на јаглен се намалило за цели 39%.
Производството на фосилен гас се намалило во единаесет земји. Шпанија и Италија произвеле 20% и 16% помалку фосилен гас. Во периодот на првата половина на 2020-та, нуклеарната енергија претрпела слична судбина, особено во Франција каде забележала пад од 29,5%. Нуклеарната енергија била заменета со повеќе ветерна енергија.
The Climate Herald го контактираше Дејв Џонс, Виш аналитичар за електрична енергија во Ембер, во врска со ситуацијата во Северна Македонија. Нецелосните податоци од МЕПСО, операторот за електрична мрежа во земјата го отежнувал процесот на доаѓање до било какви цврсти заклучоци во врска со енергетската состојба во државата, но се чини дека производството на јаглен значително опаднало и овде во текот на анализираниот период. За жал, учеството на ветерната и сончевата енергија во енергетскиот микс на државата е сѐ уште далеку зад фосилното за да се осигура потребната транзиција на Северна Македонија од валкана (фосилна) во чиста (обновлива) енергија. Г-динот Џонс за The Climate Herald изјави:
„Тешко е да се биде сигурен што точно се случило досега во Северна Македонија оваа година, бидејќи не можеме да се потпреме на податоците од операторот на електричната мрежа. Производството на јаглен се чини дека опаднало значително, што е добра вест за [намалувањето на] емисиите на јаглерод во Северна Македонија. Сепак, се чини дека зголемувањето на производството на ветерна и соларна енергија е многу мало, [па наместо од обновливи извори на енергија во национални рамки], потребата за електрична енергија која е обично произведена од јаглен, била заменета со дополнителен увоз од соседите. Северна Македонија размислува колку брзо ќе се потрошат нејзините единици на јаглен, но треба да ја забрза замената на ваквото производство на електрична енергија со чиста обновлива енергија час порано.“
- Дејв Џонс, Виш аналитичар за електрична енергија, Ембер
Пандемијата COVID-19 откри многу празнини и неправди во нашите политички и економски системи, но исто така ни покажа и што функционира, а што не. Дејв Џонс вели дека „обновливите извори на енергија се покажале како поотпорни од фосилните горива во оваа криза“. Во продолжетокот на борбата против коронавирусот и неизвесностите околу него, од витално значење е донесувачите на одлуки и јавноста да обезбедат можности за забрзана транзиција од фосилна кон обновлива енергија.
コメント