For Macedonian, scroll to the bottom of the article

The Alternative Side of the Climate Negotiations

“Why do you keep on coming back to the COP?” is one of the most common questions among activists, organisers and civil society representatives in general, when discussing the failure of the COP process to bring about the climate and systemic action that is desperately needed. It is more than evident that the UNFCCC processes have not been effective in inciting the (transformative) change that needs to happen so as to prevent the worst impacts of the climate and ecological crisis, despite the 25-year-long ‘attempt’ at joint international action. This just might be the longest and most painful charade of “saving the world” that the history of humanity has ever witnessed. With big businesses and corporate capture of the COP that profit from the crisis, and large rich countries’ delegations as their own messengers within the conference halls, countries and communities most impacted by the crisis stand no chance at getting the justice they deserve from this rigged process alone.


The physical presence of civil society at the COP has been critical over the years, as organisers and activists end up doing the necessary damage control of the negotiations time and again as well as amplifying the voices of the underrepresented.


Apart from this, the COP is a chance for many powerful organisers from across the globe to meet and plan joint action and even broader mobilisation. These international encounters are of such significance for many of us, for they serve as a space to begin individual and collective healing as well as to recharge and go back to our respective lion’s dens with renewed hope and refreshed faith and motivation for another year of powerful organising.


Many of these encounters happen at People’s Summits that take place parallel to the COP and that aim to provide the platform for systemic diagnosis and collective re-imagination. This year, with the last-minute change of the COP venue, the system transformers’ hubs have been both in Madrid at the Social Climate Summit, and in Santiago at the Cumbre de los Pueblos (People’s Summit) and the Cumbre Social por la Acción Climática.

In addition to these, more outside events and gatherings in Madrid have marked this year’s alternative platforms. One such action was the Toxic Tour organised by Gastivists, a collective of organisers that shed light on the polluters bankrolling the negotiations and halting any meaningful progress. The Spanish police, protecting corporate interest, shut down the peaceful walk:



A significant, although incremental, positive change we are witnessing this year is the framing around gender justice that has progressively taken on feminist principles in conversations in both inside and around the negotiations. The feminist gathering that marked the beginning of the discussions;


“What are the pitfalls and possibilities of cross-movement transnational feminist solidarity?” and “How does a transnational cross-movement joint feminist work look like?” were co-organised and facilitated by strong intersectional feminist voices from the Global South.


The platform provided a space for reflection on identity, presence in political spaces, the ways of building southern-northern feminist solidarity, the beginnings and lessons learned from the Combahee River Collective, and celebration of finding healing power in poetry, dance, and tasty Senegalese food.


The negotiations have been a space of power imbalance and watered down discussions around “what is politically feasible”. This is not the sort of space that is suitable for discussing urgently needed systemic transformation. We need to continue having the (sometimes uncomfortable) conversations around the precarious manifestations of the contextual societal complexities that surface in any truly transformational organising work, to be brave in reimagining the world we want to live in, as well as what is urgently needed for us to do to survive. The latter does not come out of the walls of the COPs, but rather out of the people power within and outside of them.


Алтернативната Страна на Климатските Преговори


„Зошто продолжувате да доаѓате на климатските преговори (Conference of the Parties - COP)?“ е едно од најчестите прашања помеѓу активисти, организатори и претставници на граѓанското општество генерално кога се дискутира неуспехот на процесот на преговорите да се достигне ургентно потребното климатско и системско меѓународно дејствување. Повеќе од очигледно е дека процесите на Рамковната Конференција за Климатски Промени на Обединетите Нации (UNFCCC) не се ефективни во поттикнувањето на (трансформативната) промена што треба да се случи за да се спречат најлошите влијанија од климатските и еколошката криза, и покрај 25-годишниот „обид“ за заедничка меѓународна акција. Ова е веројатно најдолгата и најболната фарса за „спасување на светот“ којашто е досега забележана во историјата на човештвото. Покрај големите бизниси кои профитираат од кризата и корпоративното влијание на Конференцијата, и делегациите на големите богати земји како нивни гласници во конференциските сали, државите и заедниците кои се најмногу погодени од кризата немаат шанси да ја добијат правдата што ја заслужуваат од овој измамнички процес.


Физичкото присуство на граѓанското општество на климатските преговори е се’ покритично со текот на годините, бидејќи организаторите и активистите се се’ попотребни да прават неопходна “контрола на штетата” која ја наметнуваат неправедните процеси на преговорите, како и да продолжуваат да ги засилуваат гласовите на земјите и заедниците кои се недоволно застапени.


Освен тоа, климатските преговори се шанса за многу моќни организатори од целиот свет да се сретнат и да планираат заедничка акција и широка мобилизација. Овие меѓународни средби се од огромно значење за многумина од нас, зашто тие служат како простор за започнување и продолжување на индивидуално и колективно заздравување, како и за “полнење батерии” пред да се вратиме на нашите борби со обновена надеж и освежена верба и мотивација за уште една година моќно организирање.


Многу од овие средби се случуваат на Самитите на Луѓето што се одвиваат паралелно со климатските преговори на ОН и имаат за цел да обезбедат платформа за системско дијагностицирање и колективно ревизионирање. Оваа година, со промената на местото на преговорите во последен момент, центри на систем трансформаторите се и во Мадрид на Social Climate Summit (Самитот за Социјална Клима), и во Сантијаго на Самитот на Народите или Cumbre de los Pueblos (People’s Summit) и Социјалниот Самит за Климатска Акција или Cumbre Social por la Acción Climática.


Покрај овие, повеќе настани и собири во Мадрид надвор од конференциските сали ги одбележаа годинешните алтернативни платформи. Една таква акција беше Токсичната Турнеја организирана од Гастивистистите, збир на организатори кои фрлаат светлина врз загадувачите кои ги банкротираат преговорите и запираат секој значаен напредок.Шпанската полиција, заштитувајќи го корпоративниот интерес, ја блокираше мирната тура:



И покрај полициската репресија која граѓанското општество ја доживува секоја година без исклучок, моќна мобилизација на луѓе се случи и во Сантијаго и во Мадрид, при што климатски маршеви се одвиваа на крајот на првата недела од преговорите.


Значајна, иако мала, позитивна промена што ја забележуваме оваа година е фразирањето околу родовата правда што постепено ги презема феминистичките принципи во разговорите и внатре и надвор од конференциските сали. Феминистичкиот собир што го означи почетокот на дискусиите: „Кои се стапиците и можностите на вкрстеното движење на транснационалната феминистичка солидарност?“ и „Како изгледа една транснационална заедничка феминистичка работа?“ беа коорганизирани и фасилитирани од страна на моќни феминистички гласови од Глобалниот Југ.


Платформата обезбеди простор за рефлекција на теми како идентитет, присуството во политички простори, начините на градење јужно-северна феминистичка солидарност, почетоци и лекции научени од Combahee River Колективот, како и славење на наоѓањето лековита моќ во поезијата, танцот и вкусната сенегалска храна.


Преговорите (COPs) се простор на нерамнотежа на моќ и отсекогаш ги имаат разводнувано дискусиите на „она што е политички изводливо“. Ова не е вид на простор што е погоден за дискутирање за итно потребната системска трансформација. Треба да продолжиме да ги имаме (понекогаш и непријатните) разговори околу незгодните манифестации на контекстуалните општествени комплексности што излегуваат на виделина при секое вистинско трансформациско организирање и делување, да бидеме храбри во реобмислувањето на светот во кој сакаме да живееме, како и на она што е итно потребно да сториме за да преживееме. Последното нема да произлезе од ходниците на климатските преговори, туку од моќта на народот во и надвор од нив.



This site was designed with the
.com
website builder. Create your website today.
Start Now