• The Climate Herald

The‌ ‌Net‌ ‌Zero‌ ‌Emissions‌ ‌Myth‌ ‌


This is the 1st part of a three-part article on the latest report by Friends of the Earth International; Chasing Carbon Unicorns: The Deception of Carbon Markets and “Net Zero”


Governments and large, carbon-heavy corporations are using the term “Net Zero” to justify their continued emissions while supposedly doing their bit in the fight against climate change. Friends of the Earth International’s latest report highlights the flaws in this concept.


“Net Zero” essentially means that companies can continue to burn fossil fuels as long as someone, somewhere is sucking out that same amount of carbon dioxide out of the atmosphere. In essence, it can be represented through the following equation:


Greenhouse gas emissions - removal of greenhouse gases = Zero


In other words, if 100 “units” of CO2 are emitted in 1 day, another 100 “units” of CO2 would need to be removed from the atmosphere in that same time period.


The “Net Zero” promise


The promise of “Net Zero” put forward by powerful entities who are generally responsible for the most emissions (such as the fossil fuel industry and agribusiness) is that they can continue to emit high levels of greenhouse gases until “feasible solutions” or alternatives to fossil fuels are found. This continues to delay the much-needed steps to stop burning fossil fuels immediately. They have become a new delay tactic in the “strategy basket” alongside concepts like carbon markets (to be discussed in the next article) for these entities.


The Carbon Unicorn


Despite its big promises, the “Net Zero” concept has some major flaws:


  • First of all, how much carbon are we removing? Going back to the previous equation, “Net Zero” looks very different if the equation is 1-1=0 as opposed to 1,000 - 1,000 = zero. The more we continue to emit the bigger the challenge is to remove the carbon. Limiting the first number is very important in reaching zero.

  • The concept of “Net Zero” is based on the natural cycle of CO2 being released into the atmosphere through photosynthesis and then reabsorbed back. The problem is that carbon released by burning fossil fuels, as opposed to natural “biomass carbon”, requires much more time to be reabsorbed. According to scientists, carbon and CO2 released from burning fossil fuels require tens of thousands of years to be reabsorbed back. This means we don’t have the time or the solutions to reabsorb it all back fast enough to stay under 1.5C by mid-century. What’s more, unless we stop burning fossil fuels immediately, this process will be even more challenging and lengthy.


Source: IEA Bioenergy
  • A big part of many “Net Zero” strategies consists of “nature-based solutions” where carbon emissions are meant to be reabsorbed by natural “carbon sinks” such as forests and the ocean. While many valid and strong arguments for restoring ecosystems and their carbon capture potential are being put forward as long as this is linked with decarbonisation, many fossil fuel industries are dangerously assuming that natural ecosystems can reabsorb carbon while we carry on with business as usual. The issue is that adding on to the carbon that these ecosystems are already capturing could put these natural “pools” under serious stress. For example, as the oceans continue to absorb more CO2, their acidity is also increasing which is threatening ocean life and health. What’s more, is that these ecosystems are already threatened by the climate crisis (e.g. forest degradation because of drought and wildfires) thus limiting their potential to absorb the carbon that is killing them in the first place.


Adapted by Friends of the Earth from the Intergovernmental Panel on Climate Change (IPCC). “The graphic uses a bathtub to distinguish the active carbon in what they term the “natural carbon cycle” from fossil carbon in its one-way (non) cycle. It also accurately shows that there is no reliable “engineered and natural ‘negative emissions’ drain.”


In part 2, we discuss the issues with Carbon Markets and Offsetting.


Разбивање на митот за „нето нула“ емисии на јаглерод


Ова е прв дел од три-делниот напис базиран на последниот извештај на Friends of the Earth International: Бркање на јаглеродни еднорози: Измамите на јаглеродните пазари и концептот „нето нула“


Владите и големите јаглеродно-интензивни корпорации го користат терминот „нето нула“ за да ги оправдаат своите континуирани емисии додека наводно „прават се’ што можат“ во борбата против климатските промени. Најновиот извештај на Friends of the Earth International ги потенцира недостатоците во овој концепт.


„Нето нула“ во суштина значи дека компаниите можат да продолжат да согоруваат фосилни горива сè додека некој, некаде го исцрпува истиот износ на јаглерод диоксид (СО2) од атмосферата. Истиот може да се претстави преку следната равенка:


Емисии на стакленички гасови - отстранување на стакленички гасови = Нула


Со други зборови, ако 100 „единици“ СО2 се испуштаат за 1 ден, треба да се отстранат уште 100 „единици“ СО2 од атмосферата во истиот временски период.


„Нето нула“ ветувањето


Ветувањето за „нето нула“ изнесено од моќни субјекти кои се генерално одговорни за најмногу емисии (како што се индустријата за фосилни горива и агробизнисот) е дека тие можат да продолжат да испуштаат високи нивоа на стакленички гасови додека не се најдат „изводливи решенија“ или алтернативи на фосилните горива. Ова продолжува да ги одложува како никогаш досега потребните чекори за непосредно запирање на согорувањето на фосилни горива. „Нето нула“ концептот стана нова тактика на најголемите емитери на стакленички гасови за одложување на вистинска климатска акција, извадена од „стратешката корпа“ заедно со поими како ‘пазари на јаглерод’ (концепт кој ќе го разгледуваме во следната статија).


Јаглеродниот еднорог


И покрај големите ветувања, концептот „нето нула“ има некои големи недостатоци:


  • Како прво, колку јаглерод отстрануваме? Враќајќи се на претходната равенка, „нето нула“ изгледа многу поразлично ако равенката е 1-1 = 0 за разлика од 1.000 - 1.000 = нула. Колку повеќе јаглерод и други стакленички гасови продолжуваме да ослободуваме во атмосферата, толку е поголем предизвикот да ги отстраниме истите. Ограничувањето на првиот број е многу важно при достигнување на вистинска нула емисии.

  • Концептот на „нето нула“ се базира на природниот циклус на СО2 што се ослободува во атмосферата преку фотосинтеза и потоа се апсорбира назад. Проблемот е во тоа што јаглеродот ослободен со согорување на фосилни горива, наспроти природниот „јаглерод од биомаса“, бара многу повеќе време за повторно да се апсорбира. Според научниците, јаглеродот и СО2 ослободен од согорувањето на фосилни горива бараат десетици илјади години повторно да се апсорбираат. Ова значи дека немаме време или решенија да го реапсорбираме сето тоа количество на стакленички гасови доволно брзо за да останеме под 1,5 степен Целзиусов до средината на векот. Доколку не престанеме да согоруваме фосилни горива веднаш, овој процес ќе биде уште попредизвикувачки и подолг.


Извор: IEA Bioenergy
  • Голем дел од многуте „нето нула“ стратегии се состојат од „решенија засновани на природата“ каде што емисиите на јаглерод треба да се апсорбираат од природни „јаглеродни понори“ како што се шумите и океанот. Додека се даваат многу валидни и силни аргументи за обновување на екосистемите и нивниот потенцијал за зафаќање јаглерод и се’ додека ова оди паралелно со декарбонизација, многу индустрии на фосилни горива лажно пропагираат дека природните екосистеми можат да апсорбираат доволно јаглерод, а тие да продолжат да го емитуваат истиот, без никакви промени во нивниот модел управуван од профит. Еден од проблемите во овој ‘аргумент’ е тоа што додавањето на уште повеќе стакленички гасови врз количството на јаглерод што овие екосистеми веќе го зафаќаат може да ги стави овие природни „базени“ и понори под сериозен стрес. На пример, бидејќи океаните продолжуваат да апсорбираат зголемено количество на СО2, нивната киселост исто така се зголемува што пак претставува закана за животот и здравјето на океаните и екосистемите кои тие ги поддржуваат. Природните понори се веќе загрозени заради климатската криза (на пример, деградација на шумите поради суша и пожари) со што се ограничува нивниот потенцијал да го апсорбираат јаглеродот што пред сè, ги убива.


Адаптирано од Friends of the Earth International од Меѓувладиниот панел за климатски промени - Intergovernmental Panel on Climate Change (IPCC). „Графикот користи када за да го разликува активниот јаглерод во, како што го нарекуваат, „природен јаглероден циклус“, од фосилниот јаглерод во неговиот еднонасочен (не) циклус. Исто така, точно покажува дека не постои сигурен „инженерски и природен одвод на „негативни емисии.“


Во вториот дел на оваа серија на статии разговараме за проблемите со јаглеродните пазари и „неутрализирањето“ на јаглерод.