For Macedonian, scroll to the bottom of the article

The Uncomfortable Truth About North Macedonia’s Future with Gas



Photo: Facebook, Gastivists

Gasification has been a big priority for the North Macedonian government over the past few years. Deals have been struck and contracts have been signed to increase the percentage of energy the country uses from so-called “natural” gas. One such deal is the Nea Mesimvria interconnector which will supply the country with most of its gas needs. The strategy behind gasification will see an investment of over €400 million while the public is being told that fossil gas is a clean or even “renewable source of energy” which will also guarantee cheap utility prices for everyone. We are told that the shift from lignite coal to “natural gas” is the government’s way of tackling the climate crisis including the incredibly high levels of air pollution in the country. In reality, natural gas is a fossil fuel with catastrophic environmental and social implications as well as a catastrophically bad financial investment.


Natural gas, or fossil gas as it is better known, and the processes in which it is extracted and transported is responsible for a shockingly large percentage of greenhouse gas emissions. This also includes methane which is considered to be 21 times more potent than CO2. There are multiple steps involved in extracting fossil gas from the earth and transporting it (often by liquifying it) across the globe. This process is expensive and very energy-intensive. Methane and other greenhouse gases are leaked into the atmosphere in alarming amounts throughout the whole process. Globally, the consumption of fossil gas is responsible for the equivalent of approximately 11 gigatons of CO2. This amount alone is enough to push the world past the 1.5°C threshold which scientists have warned us not to surpass.


The process of exploration and extraction for fossil gas is also extremely harmful to the environment and to the communities that live around these projects. Hydraulic fracturing, or fracking, the processes of drilling for gas, is responsible for earthquakes which destroy natural habitats and communities. Over 100,000 homes have been damaged by gas extraction in Groningen in the Netherlands. People living close to fracking sites have also suffered multiple health issues including respiratory diseases, rashes, nosebleeds, mental health issues, and reduced birth weight. The chemicals used in fracking have also been found to be carcinogenic.


On top of all of this, it is becoming more and more evident that gas is simply a bad investment. But due to the power of the fossil gas industry and its relationships with governments, it is the average person who ends up paying for it. The European Commission itself has predicted a steep decline in gas consumption by 2050 and expensive gas infrastructure and plants (generally built with public funds) are already becoming financially unviable and are closing down all over Europe. Large corporations responsible for these projects are receiving the money to continue these bad investments despite the fact that gas is one of the most expensive types of energy, including renewables. They receive government guarantees, loans which are below market rates, loans from public banks, and on top of all that they often pay little to no taxes.


As the market is becoming more unstable, these companies are locking in governments to finance expensive infrastructure that will become useless in a few years as well as long term contracts for the supply of gas at a fixed price. As the value of gas will inevitably become unstable, these contracts could end up costing countries billions of euros as has already happened in places like Egypt. Other companies seek private investments by ensuring high profits in return. This inevitably leads to people footing the bill of these investments through higher bills or public financing.

Despite all of this, North Macedonia seems to be going down the road of gasification. This investment has already cost the country hundreds of millions of euros and will most likely end up costing the citizens, the communities, the ecosystems, and the climate, a lot more over the years.


Sources:

  1. The Strategy for Energy Development of the Republic of North Macedonia by 2040

  2. Gastivists: New Fossil Gas Terminals; Profits Over People

  3. Gastivists: Top 10 Facts About Gas

  4. Stranded generation assets: Implications for European capacity mechanisms, energy markets and climate policy: Working Paper

  5. How Hydraulic Fracturing Works (National Geographic)

  6. ICSID tribunal finds Egypt in breach of several provisions of the U.S.–Egypt BIT (IISD)




Непријатната Вистина за Иднината на Северна Македонија со Фосилниот Гас



Слка: Фејсбук, Gastivists

Во последните неколку години гасификацијата е еден од приоритетите на македонската влада. Постигнати и потпишани се договори за зголемување на процентот на енергија што земјата ја користи од таканаречениот „природен“ гас. Една таква зделка е интерконекторот Неа Месимфрија кој ќе ја снабдува земјата со гас за повеќето нејзини потреби. Стратегијата на владата позади гасификацијата е да инвестира над 400 милиони евра, додека во јавноста слушаме изјави дека фосилниот гас е „чист“, па дури и „обновлив извор на енергија“ што исто така ќе гарантира и евтини цени за секого. Соопштено ни’ е дека промената на користењето на лигнитниот јаглен во користењето на „природниот” гас е начин на владата да се справува со климатската криза, вклучувајќи ги и неверојатно високите нивоа на загадување на воздухот во земјата. Во реалноста „природниот“ гас е фосилно гориво со катастрофални еколошки и социјални импликации и е катастрофално лоша финансиска инвестиција.


Метанот, еден од најмоќните стакленички гасови


Природниот односно фосилниот гас, како и процесите преку кои е екстрахиран и транспортиран, се одговорни за шокантно голем процент на емисии на стакленички гасови. Емисиите од овие процеси вклучуваат и емисии од метан - еден од најмоќните стакленички гасови, дури 21 пат помоќен од јаглеродниот диоксид. Постојат повеќе чекори во екстракцијата на фосилен гас од земјата и транспортирање на истиот (честопати менување на неговата агрегатна состојба од гас во течност - втечнување) низ целиот свет. Овој процес е скап и многу енергетски интензивен. Метан и други стакленички гасови протекуваат во атмосферата во алармантни количини во текот на целиот процес. На глобално ниво, потрошувачката на фосилен гас е одговорна за еквивалент на приближно 11 гигатони на јаглероден диоксид. Оваа количина сама по себе е доволна на глобално ниво да го надминеме прагот од 1,5°C глобално затоплување за кој научниците не’ предупредуваат да не го надминуваме.


Уништувачката моќност на процесот на фракирање


Процесот на истражување и екстракција на фосилниот гас е исто така исклучително штетен за животната средина и за заедниците кои живеат околу овие проекти. Хидраулично фрактурирање или фракирање (процесот на дупчење за гас) е одговорно за земјотреси кои уништуваат бројни екосистеми и живеалишта на цели заедници. Повеќе од 100.000 домови до сега се оштетени од екстракцијата на гас во Гронинген во Холандија. Луѓето кои живеат близу до местата каде што се одвива фракирање имаат повеќе здравствени проблеми вклучувајќи респираторни заболувања, осипи, проблеми со менталното здравје и намалена телесна тежина при раѓање. Откриено е и дека хемикалиите што се користат при процесот на фракирање се канцерогени.


Приватни добивки, јавни загуби


Згора на сето ова, се’ повеќе станува очигледно дека гасот е едноставно лоша инвестиција. Но, поради моќта на индустријата за фосилен гас и нејзините односи со владите во регионот и низ светот, просечниот граѓанин е оној кој на крај плаќа за сета штета нанесена на самите луѓе, природата и климата. Самата Европската комисија предвидува голем пад на потрошувачката на гас до 2050 година; скапата гасна инфраструктура и постројки (воглавно изградени од јавни пари) веќе стануваат финансиски неповолни и се затвораат низ цела Европа. Големите корпорации одговорни за овие проекти добиваат јавни пари од владите за да продолжат со овие лоши инвестиции и покрај фактот дека гасот е еден од најскапите видови на енергија - поскап од обновливите извори на енергија. Тие добиваат владини гаранции, субвенции и заеми кои се под пазарните стапки, заеми од јавните банки и згора на сето ова, корпорациите кои ја сочинуваат гасната индустрија честопати плаќаат или малку даноци, или воопшто не плаќаат.


Бидејќи пазарот за гас станува се’ понестабилен овие компании ги „заглавуваат“ владите да финансираат скапа инфраструктура која ќе стане бескорисна за неколку години преку долгорочни договори за снабдување со гас по фиксна цена. Бидејќи вредноста на гасот неизбежно ќе станува се’ понестабилна, ваквите договори би можеле да ги чинат земјите милијарди евра, како што веќе се има случено во Египет. Други компании пак бараат приватни инвестиции обезбедувајќи си висок профит. Ова неизбежно води до тоа граѓаните да ја плаќаат сметката за овие инвестиции преку повисоки режиски сметки, даноци или јавно финансирање.


И покрај сето ова, Северна Македонија се чини дека оди по патот на гасификацијата. Оваа инвестиција веќе ја чинеше земјата стотици милиони евра и најверојатно, со текот на годините ќе ги чини граѓаните, заедниците, екосистемите и климата многу повеќе од тоа.


Извори:

  1. The Strategy for Energy Development of the Republic of North Macedonia by 2040

  2. Gastivists: New Fossil Gas Terminals; Profits Over People

  3. Gastivists: Top 10 Facts About Gas

  4. Stranded generation assets: Implications for European capacity mechanisms, energy markets and climate policy: Working Paper

  5. How Hydraulic Fracturing Works (National Geographic)

  6. ICSID tribunal finds Egypt in breach of several provisions of the U.S.–Egypt BIT (IISD)

This site was designed with the
.com
website builder. Create your website today.
Start Now