For Macedonian, scroll to the bottom of the article

Why We Need to Own and Run Our Energy Companies


Photo: Science in HD

Energy is a focal point in tackling the climate crisis, particularly the type of energy we use to power our homes and communities. We talk about shifting from dirty fossil fuels to clean and renewable energy but the discussion shouldn’t stop there. We also need to rethink the ownership of our energy production and distribution. We need energy democracy; publicly owned and managed systems that work in the interest of the communities they serve rather than generating profit for shareholders.


Over the last few decades, there has been a shift in the way our energy supply and distribution works. The EU, in particular, pushed heavily for the liberalisation of the sector. This meant freeing it from government control and introducing it to the market and private ownership. The European Commission believed that doing so would increase productivity and decrease prices thanks to the introduction of competition.


Since 1998, EU member states have had to “unbundle and liberalise their wholesale and retail markets”. Prior to this, there were numerous types of energy systems across the continent. Countries like the UK, Italy, France and Greece had state-owned entities that controlled everything from energy generation to transmission, distribution and retail. In other countries, these were divided. In Nordic countries and Eastern Europe (including Yugoslavia), large state-owned generation and transmission companies fed a large number of locally and publically owned companies which handled distribution and retail.


Despite promises of greater efficiency and lower prices, research has shown that the liberalisation and privatisation of the energy sector have had the opposite effect.


Why liberalisation is a bad idea


With the energy sector freed up to the powers of the market, the entire ethos of the sector changed. Energy providers went from being entities whose goal was to provide a vital service to the public, to private entities focused on profit above all else. This is problematic for numerous reasons.


First of all, the prices of electricity and gas increased for consumers across the continent with studies linking the liberalisation of the sector to the worrying increase in energy poverty. This was found to be particularly problematic in Eastern Europe. Another study from 2011 found that the privatisation has led to increased public dissatisfaction with the industry.


Privately-owned energy services are also bad news for workers. As the EU shifted towards liberalisation, between a third and a quarter of jobs in the electricity sector in the EU-15 were lost between 1995 and 2004. This mainly happened with technically skilled workers whose expertise was often outsourced for cheaper labour.


Finally, liberalising the energy sector and leaving it in the hands of private corporations puts it in a much weaker position to tackle the climate crisis. Our economies, particularly our energy sector needs to be decarbonised meaning that we need to move away from carbon-based, dirty energy. As the sector fell into the hands of the free market, many smaller companies were taken over or merged. Currently, most of the energy production in the EU is owned by a handful of companies known as the “Big Five”; EDF, RWE, E.ON, ENGIE, and ENEL. Companies like these have a terrible track record when it comes to the climate crisis. They are big emitters and focus on making energy profitable in a way that makes sense for the market often at the expense of the people and the planet.


The United Kingdom’s energy production was fully privatised in 1990 and is a good example of how liberalisation negatively affects the end-user. A 2017 study by Citizens Advice found that National Grid, a massive company controlling the electricity transmission system in the country, reported large profit margins with an average of about 19%. Therefore, National Grid and other “energy network firms are enjoying a multibillion-pound windfall at the expense of consumers.” Citizens Advice's chief executive told The Guardian. The distribution network operators posted an average profit margin of more than 30% between 2011 and 2017 paying half of this (around €1.1 billion) to their shareholders.


Why we need Energy Democracy


Energy democracy refers to publically owned and run energy systems and networks and the shift away from liberalisation and privatisation of the sector. This is key towards building a new, decarbonised energy system. In a 2019 report, the EPSU highlighted the benefits of energy democracy as follows:


“Instead of inflating energy bills by paying out excessive dividends to shareholders, a publicly-owned and controlled energy system would ensure any surplus is either reinvested to improve the energy system or paid back to consumers. Governments can also usually borrow at lower interest rates than investor-owned companies. Serving the public interest and not shareholders, through a public system, can prioritise the development of renewables, universal coverage and affordability.”

Well designed and implemented publically-owned energy helps to address the urgency of the climate crisis and protects the rights of workers. It gives the consumers more control and power over planning decisions and it ensures that all sectors of the community benefit and have access to energy rather than just a few.


Even though over half of European countries have publically owned grids and distribution networks, many of these face a lot of the same problems as the privately owned systems. Countries like Hungary, Latvia, and Sweden have high levels of public ownership of their energy supply systems but function like private entities because of energy liberalisation and the need to remain competitive and profitable.


So what does effective energy democracy look like? The idea of de-privatising the energy sector is usually met with apprehension as it conjures up images of large, centralised, nationally-owned systems that are thought to be inefficient and unreliable. This does not have to be the case. There are numerous examples of municipal or local energy generation and distribution systems that work on a smaller scale. These sort of systems would need to be democratically owned, run and held accountable. There would need to be high levels of public engagement through innovative and user-friendly processes such as online decision-making tools. Robinhood Energy in Nottingham, UK and Energinet in Denmark are two models which function on a similar ideology.


Energy Democracy can take on many forms but must ultimately focus on putting the wealth and decision-making capacity of how we power our homes and communities into our hands. This is a vital step towards overcoming the climate crisis and creating a just future.




Зошто енергетските компании треба да бидат во рацете на граѓаните?


Слика: Science in HD

Енергијата е клучна точка во справувањето со климатската криза, особено видот на енергија што ја користиме за да ги напојуваме нашите домови и заедници. Зборуваме за премин од користење на валкани фосилни горива на користење чиста обновлива енергија, но дискусијата не треба да застане овде. Мораме исто така да размислуваме и за сопствеништвото врз производството и дистрибуцијата на енергија. Потребна ни е енергетска демократија; јавно поседувани и управувани енергетски системи кои работат во интерес на заедниците во кои служат, наместо на создавање профит за акционерите.


Во последните неколку децении има промена во начинот на кој работи нашето снабдување и дистрибуција на енергија. Европската Унија интензивно наметнува либерализација на секторот. Ова значи ослободување на енергетскиот сектор од владина контрола и отворање на истиот за пазарот и приватна сопственост. Европската Комисија веруваше дека тоа ќе ја зголеми продуктивноста и ќе ги намали цените благодарение на воведувањето на конкуренцијата.


Од 1998 година, земјите-членки на ЕУ мораат „да ги разделат и да ги либерализираат своите пазари и трговија на големо и мало“. Пред ова, постоеја голем број видови на енергетски системи низ целиот континент. Земјите како Велика Британија, Италија, Франција и Грција имаа државни субјекти кои контролираа сè, од производство на енергија до пренос, дистрибуција и малопродажба. Во други земји, овие дејности беа поделени. Во нордиските земји и источна Европа (вклучително и Југославија), големите државни компании за производство и пренос кои беа во државна сопственост, хранеа голем број на локални и јавни компании кои работеа со дистрибуција и малопродажба.


И покрај ветувањата за поголема ефикасност и пониски цени, истражувањата покажуваат дека либерализацијата и приватизацијата на енергетскиот сектор имаат спротивен ефект.


Зошто либерализацијата е лоша идеја


Со ослободувањето на енергетскиот сектор и неговото отворање за пазарот, се смени целиот етос на овој сектор. Снабдувачите на енергија кои претходно беа субјекти со цел обезбедување на многу значајна услуга за јавноста, сега се претворени во приватни субјекти фокусирани на профитот пред сè. Ова е проблематично од бројни причини.


Како прво, со ова цените на електричната енергија и гасот се зголемија за потрошувачите низ целиот континент што е објаснето во студии кои ја поврзуваат либерализацијата на секторот со загрижувачкото зголемување на енергетската сиромаштија. Во источна Европа овој проблем е исклучително присутен. Друга студија од 2011-та година откри дека приватизацијата доведува до зголемено незадоволство кај корисниците од индустријата.


Енергетските услуги во приватна сопственост се исто така многу неповолни за работниците. Со процесот на либерализација во ЕУ, меѓу третина и четвртина од работните места во секторот електрична енергија во ЕУ-15 згаснаа во периодот помеѓу 1995-та и 2004-та година. Ова во главно се случи со технички квалификуваните работници чија експертиза честопати беше префрлена на поевтина работна сила.


За крај, либерализацијата на енергетскиот сектор и оставање на истиот во рацете на приватните корпорации наместо во јавна сопственост, го доведува овој сектор во многу послаба позиција за решавање на климатската криза. Нашите економии, особено нашиот енергетски сектор треба да се декарбонизира, значи дека треба да се оддалечиме од валканата енергија базирана на екстракција и горење на фосилни горива. Бидејќи секторот падна во рацете на слободниот пазар, многу помали компании беа преземени од поголеми компании или беа споени. Во моментов, најголем дел од производството на енергија во ЕУ е во сопственост на мал број на компании познати како „големата петорка“: EDF, RWE, E.ON, ENGIE и ENEL. Компании како овие имаат огромен придонес кон предизвикување и влошување на климатската криза. Тие се големи емитувачи на стакленички гасови и се фокусираат на правење на профитабилна енергија на начин кој има смисла за пазарот и профитот на мал број газди/ акционери, а најчесто на штета на луѓето и планетата.


Производството на енергија во Велика Британија беше целосно приватизирано во 1990-та година и претставува пример за тоа како либерализацијата негативно влијае на крајниот корисник. Студија од 2017 година од „Граѓански Совети“ открива дека National Grid (Национална Мрежа), голема компанија што го контролира системот за пренос на електрична енергија во земјата, пријавила големи профитни маржи со просек од околу 19%. Па така, потрошувачите плаќаа за профитот на компанијата и акционерите додека таа наместо да инвестира во проширувањето и сигурноста на енергетскиот систем и мрежата, прикажа високи трошоците од инвестиции (кои всушност ги исплати на директори и акционери) пред регулаторот, објави „Гардијан“. Операторите на дистрибутивната мрежа објавија просечна маргина на профит од над 30% меѓу 2011 и 2017 година плаќајќи половина од тоа (околу 1,1 милијарди евра) на нивните акционери.


Зошто ни треба енергетска демократија


Енергетска демократија се однесува на јавна сопственост и јавно водење на енергетските системи и мрежи со оддалечување од либерализацијата и приватизацијата на секторот. Ова е клучно за изградба на нов, декарбонизиран енергетски систем. Во извештајот за 2019 година, ЕПСУ (European Public Service Unions) ги истакна придобивките од енергетската демократија на следниов начин:


„Наместо да се покачуваат сметките за енергија за исплата на прекумерна дивиденда на акционерите, јавно контролираниот енергетски систем ќе обезбеди вишокот на средства да се реинвестира за подобрување на енергетскиот систем или да се врати на потрошувачите. Владите, исто така, вообичаено можат да позајмуваат по пониски каматни стапки за разлика од приватните инвеститорски компании. Оперирањето [на енергетскиот систем] во јавен интерес наместо во интерес на акционерите преку јавен систем, може да даде приоритет на развојот на обновливите извори на енергија, глобално покритивање [за корисниците] и далеку поголема достапност.“

Добро дизајнираниот и праведно имплементираниот јавен енергетски систем во сопственост на јавноста помага во решавањето на климатската криза и ги штити правата на работниците. На потрошувачите, пак, им дава поголема контрола и моќ врз носењето на одлуки при планирањето и гарантира дека сите сектори во заедниците имаат корист и имаат пристап до енергија, а не само неколку.


Сепак, и покрај тоа што над половина од европските земји имаат јавна сопственост и јавни дистрибутивни мрежи, многу од нив се соочуваат со слични проблеми како и кај приватните системи. Земјите како Унгарија, Латвија и Шведска имаат високо ниво на јавна сопственост на нивните системи за снабдување со енергија, но функционираат како приватни субјекти заради наметнатата либерализација на секторот и потребата да останат конкурентни и профитабилни.


Како всушност изгледа ефективната енергетска демократија? Кон идејата за де-приватизација на енергетскиот сектор обично се пријдува со дилема бидејќи се создаваат слики од големи централизирани национални системи за кои се смета дека се неефикасни и несигурни. Но, не мора да биде така. Постојат бројни примери на општински или локални системи за производство и дистрибуција на енергија кои работат во помал обем. Ваквите системи треба да бидат во демократска сопственост - сопственост на граѓаните, на самите корисници, и да бидат одговорно управувани и одржувани. Треба да се нормализира високото ниво на вклученост на јавноста преку иновативни алатки лесни за користење, како што се онлајн алатките за донесување на одлуки. Robinhood Energy во Нотингем, Велика Британија и Energinet во Данска се два модела кои функционираат на слична идеологија.


Енергетската демократија може да биде во многу форми, но на крајот на денот, мора ги стави управувањето, користењето на средствата и начинот на кој ги напојуваме нашите домови и заедници, во наши раце. Ова е витален чекор кон надминување на климатската криза и кон создавање на праведна иднина.