A damning new report published by the UN outlines how the global community has failed to reach any of the 20 biodiversity targets that were established in Aichi, Japan in 2010. The targets were set up to conserve the world's biodiversity, promote sustainability, and protect ecosystems amidst an extinction crisis further fuelled by the climate crisis. The review also highlights some encouraging signs witnessed over the past decade and puts forward recommendations on how to avert further damage post-2020.
In 2010, leaders from 196 countries met in Aichi, Japan and agreed on a list of 20 goals aimed at preserving life on Earth. The 10-year plan consisted of ambitious but crucial targets to prevent the extensive destruction to the world’s biodiversity and, in turn, human and planetary wellbeing. The new report, published by the UN, has explained how we have failed to reach a single target as we near the end of the decade-long time-frame.
The report was published ahead of the United Nations Summit on Biodiversity which was held in New York on the 30th of September 2020. The summit was widely criticised by civil society for lacking a “democratic process for civil society” to nominate speakers to participate in the summit. The general approach to the biodiversity crisis was also questioned:
¨We’ve tried all the market-based and voluntary approaches since Rio and the evidence of failure is piling up. Now is the time for strong public investment which can be generated through redistribution of wealth by time-tested means – taxes and payments for ecological debts. We cannot afford to repeat past mistakes.¨
While none of the 20 targets was achieved, six targets were “partially achieved” including measures surrounding the control of invasive species, the protection of specific terrestrial and marine areas, increased applied and shared knowledge surrounding biodiversity, financial and policy support for biodiversity conservation and fair and equitable access to genetic resources.
Meanwhile, little to no progress was made on the remaining 14 targets relating to; awareness on the value of biodiversity, the integration of biodiversity values into poverty reduction strategies, the end of subsidies to harmful practices, the reduction of the rate of loss of natural habitats and vulnerable ecosystems, increasing sustainable consumption, sustainable harvesting of marine life, sustainable agricultural practices, drastic pollution reduction, the prevention of further extinction of threatened species, the maintenance of genetic diversity, the restoration of important ecosystems, increased ecosystem resilience, and the respect and protection of the traditional knowledge from indigenous and local communities relevant for biodiversity conservation.
Some encouraging signs
Despite the lack of significant progress over the last decade, the writers did acknowledge a few positive signs which, they argue, could light the way for future policy and action if scaled up. Biodiversity values were added to the national accounting systems of almost 100 countries and there has been a doubling of financing of biodiversity measures.
170 countries have updated their National Biodiversity Strategies and Action Plans (NBSAPs) and there has been an increase in biodiversity data and information made available to citizens, researchers and policymakers, The deforestation rate has dropped by a third compared to the previous decade, better fisheries management has been introduced in some key areas, many alien species have been eradicated from islands, there has been a larger expansion of protected areas and the number of extinctions has been reduced through different measures taken.
Unfortunately, the scale of these improvements hasn’t been large enough to make a difference on a global level but lessons can be learnt for the future.
Where do we go from here?
The report makes it very clear that we have a long way to go if we are to achieve nothing short of a disastrous situation in the future. The planet’s biodiversity is in trouble and the COVID-19 pandemic has highlighted the importance of maintaining a healthy relationship between people and nature. The writers outline a number of lessons learnt and steps to be taken during the next period:
Stronger governmental, economic and society measures to address the causes of biodiversity loss
More integration of gender, indigenous people, local communities and overall higher levels of stakeholder engagement
Stronger national biodiversity strategies and action plans
More well-designed goals and targets using SMART criteria
Faster and more effective action and implementation of strategies
Increased national ambition and regular reviewing of activities
More learning, adaptive management and understanding the reasons for successes and failures of policy measures
Paying more attention to implementation and more sustained and targeted support to countries
The writers insist that it is not too late to “slow, halt and eventually reverse the current trends in the decline of biodiversity.” Any actions taken to do this are also consistent and vital to also help the world achieve the targets for the 2030 Agenda for Sustainable Development and the Paris Climate Change Agreement. We have wasted the last ten years but now is the time to learn and to act efficiently and effectively.
Светот не успева да постигне ниту една единствена цел за заштита на биодиверзитетот според новиот извештај на ОН
Новиот осудувачки извештај објавен од Обединетите Нации истакнува како глобалната заедница не успеа да постигне ниту една од 20-те цели за биолошка разновидност кои беа воспоставени во Аичи, Јапонија во 2010-та година. Овие цели беа поставени за да се зачува биодиверзитетот во светот, да се промовира одржливоста на видовите и да се заштитат екосистемите, во време на изумирање на истите, дополнително поттикнато од климатската криза. Но, извештајот потенцира и некои охрабрувачки знаци што биле забележани во текот на изминатата деценија и дава препораки за тоа како да се избегне понатамошна штета по 2020 година.
Во 2010 година, лидери од 196 земји се состанаа во Аичи, Јапонија и се согласија на список од 20 цели насочени кон зачувување на животот на Земјата. Десетгодишниот план се состоеше од амбициозни, но клучни цели за спречување на широкото уништување на биодиверзитетот во светот како и човечката и планетарната благосостојба. Со приближувањето кон крајот на деценискиот временски рок, новиот извештај објавен од ОН објаснува како не успеавме да постигнеме ниту една единствена цел зададена за оваа деценија.
Извештајот беше објавен пред Самитот на Обединетите Нации за биодиверзитет кој се одржа во Њујорк на 30-ти септември 2020 година. Покрај останатото, Самитот беше широко критикуван од граѓанското општество за недостаток на „демократски процес за вклучување на граѓанското општество“ како и за номинирање говорници за учество на самитот. Генералниот пристап кон кризата со биодиверзитетот на планетата исто така беше доведен во прашање:
„Ги испробавме сите пазарни механизми и пристапи од Рио и доказите за неуспех на истите се се’ посилни. Сега е време за смели јавни инвестиции што можат да се генерираат со прераспределба на богатството преку проверени средства - даноци и исплаќање на еколошки долгови. Не смееме да си дозволиме да ги повторуваме грешките од минатото.“
Како што спомнавме, ниту една од 20-те цели не беше постигната, но шест цели беа „делумно постигнати“, вклучувајќи мерки околу контрола на инвазивни видови, заштита на специфични копнени и морски области, зголемено применето и споделено знаење околу биодиверзитетот, финансиска и политичка поддршка за зачувување на биодиверзитетот и фер и правичен пристап до генетски ресурси.
Во меѓувреме, мал или речиси незначителен напредок беше постигнат во однос на преостанатите 14 цели во врска со: подигање на свеста за вредноста на биодиверзитетот, интеграција на вредностите на биолошката разновидност во стратегиите за намалување на сиромаштијата, крај на субвенциите за штетни практики, намалување на стапката на загуба на природни живеалишта и ранливи екосистеми, зголемување на одржлива потрошувачка, одржливо ловење на морски животни, одржливи земјоделски практики, драстично намалување на загадувањето, спречување на понатамошно истребување на загрозени видови, одржување на генетска разновидност, обновување на важни екосистеми, зголемена отпорност на екосистемите и почитување и заштита на традиционалното знаење од домородните и локалните заедници релевантни за зачувување на биолошката разновидност.
Некои охрабрувачки знаци
И покрај недостатокот на значителен напредок во текот на последната деценија, авторите на извештајот препознаа и неколку позитивни знаци кои според нив, можат да го осветлат патот за идните политики и дејствување во однос на глобалниот биодиверзитет. Вредности на биодиверзитет беа додадени на националните сметководствени системи на скоро 100 земји, а на глобално ниво забележано е двојно зголемено финансирање на мерки за зачувување на биодиверзитетот.
170 земји ги ажурираа своите Национални стратегии за биолошка разновидност и акциони планови, а има збогатување на податоците и информациите за биолошката разновидност што им беа достапни на граѓаните, истражувачите и креаторите на политиките. Стапката на уништување на шумите се намали за една третина во споредба со претходната деценија, воведено е подобрено управување со риболов во некои клучни области, многу ненативни видови се искоренети од островите, има поголемо ширење на заштитените подрачја и бројот на истребувања на некои видови е намален заради преземени различни мерки.
За жал, обемот на овие подобрувања не е доволно голем за да направи позитивна разлика на глобално ниво, но авторите тврдат дека од ова може да се извлечат поуки за во иднина.
Како понатаму?
Извештајот јасно кажува дека ни претстои долг пат за вистински да успееме да избегнеме катастрофална ситуација во блиска иднина. Биодиверзитетот на планетата е во неволја, а пандемијата COVID-19 уште повеќе ја истакна важноста за одржување на здрава врска помеѓу луѓето и природата. Авторите наведуваат голем број научени лекции и чекори што треба да се преземат во текот на следниот период:
Посилни владини, економски и општествени мерки за решавање на причините за губење на биодиверзитетот
Поголема интеграција на родова еднаквост, домородно население, локални заедници и целокупно повисоко ниво на ангажирање на засегнатите страни
Посилни национални стратегии и спроведливи акциони планови за биодиверзитет
Повеќе добро дизајнирани, реално остварливи цели со користење на SMART критериумите
Побрзо и поефикасно спроведување на стратегиите
Зголемена национална амбиција и редовно ажурирање на активностите за зачувување
Повеќе тековно евалуирање, адаптивно управување и разбирање на причините за успесите и неуспесите во мерките и политиките за биодиверзитет
Контрола на спроведувањето на поодржлива и посоодветна поддршка на земјите
Авторите инсистираат на тоа дека не е доцна „да се забави, запре и на крајот да се справиме со моменталните трендови на опаѓање на биодиверзитетот“. Било какви активности преземени во оваа насока се екстремно значајни, но мора да бидат усогласени со целите на Агендата за одржлив развој за 2030-та година и Парискиот договор за климатски промени. Ги потрошивме последните десет години, но сега е време да научиме од грешките и да дејствуваме ефективно и ефикасно.
תגובות