top of page
Writer's pictureThe Climate Herald

The Complex Relationship Between Air Pollution and Climate Change

Part 2 of 2


This is the second instalment of a two-part article about air pollution and its link to climate change. You can access part one by following this link.


The greatest global health risk


The World Health Organisation (WHO) identified air pollution as the largest global health risk and estimated that it is responsible for approximately 7 million deaths every year. Interestingly, the majority (4.3 million) of these deaths were found to be attributed to household air pollution while the rest due to outdoor air pollution.


Different types of air pollution can have different negative implications on the human body. Soot particles (black carbon) get into the lungs and bloodstream and wreck havoc. It is known to exacerbate bronchitis and can lead to heart attacks and even death. Smog (ground-level ozone) irritates the eyes and the throat and is particularly damaging to the lungs. People who work outdoors, exercise outdoors, children, the elderly and asthma sufferers are particularly prone to the effects of smog. Air pollution can stunt neural development and cognitive capacities in children and newborns. As mentioned earlier, people who suffer from pollen allergies can expect to suffer more as pollen production increases and the season for this is extended due to climate change. Stroke, heart illnesses, respiratory illnesses and cancer have all been linked with air pollution.


So what does this mean for the health and wellbeing of the half a million people (according to the 2002 census) living in Skopje? A 2018 study published in the International Journal of Environmental Research and Public Health examined the health impacts as well as the economic costs of air pollution in Skopje. The researchers found that there were 1199 premature deaths attributed to air pollution in 2012. In the same year, there were 547 cases of hospital admissions for cardiovascular diseases and 937 for respiratory diseases due to air pollution. The study estimates that the social cost of air pollution in 2012 was anything between €570 and €1470 million. Other estimates have found that the increase of public spending on the health sector due to air pollution has increased to €365 million; 3.5% of the country’s GDP. Job performance in the country is also affected by the health consequences of air pollution and has cost taxpayers €4.3 million (0.13% of the GDP).


Air pollution and social injustice

Much like climate change, air pollution is a social justice issue and it tends to affect the most vulnerable members of society the strongest. Household air pollution, which is the largest source of air pollution-related deaths globally, is the result of indoor heating and cooking from using bad quality wood or other types of unsuitable materials and the use of kerosene or coal stoves. Outside of the city, air pollution is affecting the livelihood of farmers as it has been found to increase diseases in crops and lowers the overall crop yield.


Apart from industry, a lot of air pollution in North Macedonia is the result of the use of inappropriate materials for household heating. This not only signifies that a large number of people are exposing themselves to unsafe levels of air pollution inside their own homes but it also exposes a larger social problem. It shows that many people are not financially able to heat their homes in a way that won’t put their health on the line. Furthermore, it highlights the problem that too many buildings around the country are old and not properly maintained. Many people, therefore, live in housing that is badly insulated and requires more heating. With limited options to cleaner heating solutions, many people are put in a position where they have to choose between freezing or inhaling toxic air.


What is being done about this?


The WHO stresses that improvements in urban planning, transport planning, building design and waste methane capture can all significantly reduce air pollution. The organisation has also found that tackling air pollution from traffic, cookstoves, waste, agriculture, and industry could reduce global warming by as much as 0.5°C. So what are policymakers in North Macedonia doing about this highly pressing issue? The government has announced that it has set aside €1.6 million to tackle air pollution. Experts, however, have claimed that this is not enough to really make a difference. The plans to increase the amount of the country’s reliance on fossil gas is neither good news for the air pollution problem nor the climate crisis. The Skopje municipality is said to have invested €100 million in a new public transport system that should be ready by 2021. Meanwhile, the city is evidently car-centric as pedestrians and cyclists not only need to worry about weaving through cars both on the road and the pavements but also fear inhaling shockingly high levels of air pollution, much of which is being caused by the same vehicles that they’re trying to avoid. Government officials have also mentioned other measures including banning heavy vehicles from the city centre, subsidies for chimney cleaning, excusing pregnant women and people over 60 from work and even drone surveillance to monitor and punish big polluters.


Meanwhile, individuals, movements and organisations have begun to step up and speak out about the injustice of air pollution. The AirCare app which was developed by Gorjan Jovanovski has put the power of information into the hands of the people. The app has been downloaded over 200,000 times so far. Other movements speaking up about the issue include the Skopje Smog Alarm, the Green Front as well as the Fridays for Future protests which inevitably highlight the air pollution situation and how it is linked to the climate crisis. Movements from across the Balkan region are also coming together to demand clean air this Friday, February 28th. The protests have been announced in 9 cities across 5 countries. As the weather gets warmer and the smog slowly begins to lift from our cities, the air pollution problem becomes less visible but the threat and the injustices around it are not seasonal.


Sources

  1. Air Pollution: Everything You Need to Know (NRDC)

  2. Air Pollution and Climate Change (IASS)

  3. Air pollution and climate change: two sides of the same coin (UNEP)

  4. Air Pollution, Climate and Health (WHO)

  5. Inside Skopje, Europe's most polluted capital city (Al Jazeera)

  6. Press release: EU action on Western Balkans’ chronic coal pollution is a unique opportunity to improve health and productivity (HEAL)

  7. How Skopje, North Macedonia is using innovative tech to clean up air pollution (ITU News)

  8. Macedonia takes emergency measures against air pollution (Business Insider)

  9. Residents spur policy makers into action on air pollution in Skopje (Eltis)

  10. Air pollution a growing threat for North Macedonia (Emerging Europe)

  11. Health Impacts and Economic Costs of Air Pollution in the Metropolitan Area of Skopje (Sanchez Martinez et al)

 

Комплексната врска помеѓу загадувањето на воздухот и климатската криза

Дел 2 од 2



Ова е вториот дел од дводелен напис за загадување на воздухот и неговата поврзаност со климатските промени. Првиот дел може да го прочитате овде.


Најголем ризик по здравјето на глобално ниво


Светската здравствена организација (СЗО) го идентификува загадувањето на воздухот како најголем глобален здравствен ризик и процени дека истото е одговорно за околу 7 милиони смртни случаи секоја година. Најголемиот број од овие смртни случаи (4,3 милиони) се резултат на внатрешно загадување на воздухот од домаќинствата додека останатите се заради загадување на отворено.


Различни типови загадување на воздухот можат да имаат различни негативни импликации врз човечкото тело. Саѓите (црниот јаглерод) влегуваат во белите дробови и крвотокот и ги уништуваат истите. Познато е дека саѓите го влошуваат бронхитисот и може да доведат до срцев удар, па дури и смрт. Смогот (озон на копнено ниво) ги иритира очите и грлото и е особено штетен за белите дробови. Луѓето кои работат на отворено, вежбаат на отворено, децата, старите лица и оние кои страдаат од астма се особено чувствителни кон негативните ефекти од смогот. Загадувањето на воздухот може да го влијае на правилениот развој на нервиниот систем и да ги намали когнитивните капацитети кај новороденчињата и малите деца. Како што веќе напоменавме, луѓето кои страдаат од алергии на полен, се очекува да страдаат се’ повеќе бидејќи се зголемува создавањето на полен и сезоната за ова е продолжена како резултат на климатската криза. Мозочните удари, срцевите заболувања, респираторните заболувања и карциномот се поврзани со загадувањето на воздухот.


Што значи ова за здравјето и благосостојбата на половината милион луѓе (според пописот од 2002 година) кои живеат во Скопје? Студијата од 2018 година објавена во Меѓународниот весник за истражување на поврзаноста на животната средина и јавното здравје ги проучи негативните влијанија врз здравјето на населението заради загадување на воздухот како и економските трошоци за лекување. Истражувањето открива дека во 2012 година имало 1199 предвремени смртни случаи заради на загадувањето на воздухот. Во истата година имало 547 пациенти со кардиоваскуларни заболувања и 937 со респираторни заболувања кои биле примени на болничко лекување заради влошување на болеста заради загадувањето на воздухот. Студијата проценува дека финансиските средства потрошени за справување со последиците од загадување на воздухот во 2012 година биле меѓу 570 и 1470 милиони евра. Другите проценки откриваат дека зголемувањето на јавната потрошувачка во здравствениот сектор како резултат на загадувањето на воздухот е зголемено на 365 милиони евра односно 3,5% од БДП на земјата. Перформансите во работата во земјата се исто така погодени од последиците по здравјето од загадувањето на воздухот и ги чини даночните обврзници 4,3 милиони евра (0,13% од БДП).


Загадувањето на воздухот е социјална неправда


Како климатската криза така и загадувањето на воздухот раѓа и ги влошува веќе постоечките социјални неправди и има тенденција најмногу да влијае на најранливите категории во општеството. Внатрешното загадување на воздухот во домаќинствата кое е најголем извор на смртни случаи поврзани со аеро-загадувањето на глобално ниво е резултат на затоплување и готвење во затворен простор од употреба на дрво со лош квалитет или други видови на несоодветни материјали како и употреба на печки на керозин или јаглен. Надвор од градот, загадувањето на воздухот влијае на егзистенцијата на земјоделците бидејќи утврдено е дека истото ги зголемува заболувањата кај земјоделските култури и го намалува вкупниот принос од земјоделието.


Покрај индустријата, голема причина за загадување на воздухот во Македонија е резултат на употреба на несоодветни материјали за греење во домаќинствата. Ова не само што значи дека голем број на луѓе се изложуваат на небезбедни нивоа на загадување на воздухот во нивните домови, туку се изложуваат и на поголем социјален проблем. Тоа покажува дека многу луѓе не се финансиски способни да ги загреваат своите домови на начин на кој што нема да има последици по нивното здравје. Покрај тоа, мора да го истакнеме проблемот дека многу грдаби кои се домови и/или работни места на жителите на Македонија се стари и не се соодветно одржувани. Па така многу луѓе живеат во живеалишта и одат на работни места кои се лошо изолирани и бараат повеќе загревање. Со ограничени опции за поефективни решенија за греење, многу луѓе се ставени во позиција да изберат помеѓу смрзнување во зимските месеци или вдишување на токсичен воздух.


Што се прави во врска со ова?


СЗО нагласува дека подобро планирање во урбанизмот, транспортот, дизајнот на зградите и превенцијата на испуштањето на метанот можат значително да влијаат врз намалувањето на загадувањето на воздухот. Светска здравствена организација сугерира дека справувањето со загадувањето на воздухот од сообраќајот, од котлите, отпадот, земјоделството и индустријата може да го намалат глобалното затоплување за дури 0,5°C. Но, што прават креаторите на политики во Македонија во врска со ова итно прашање? Владата објави дека издвоила 1,6 милиони евра за решавање на загадувањето на воздухот. Сепак, експертите тврдат дека ова не е ниту од далеку доволно за навистина да се направи подобрување на моменталната состојба. Плановите за зголемувањето на енергетската зависност на земјата од фосилен гас не се добри вести ниту за проблемот со загадувањето на воздухот ниту за климатската криза. За скопската општина се вели дека инвестирала 100 милиони евра во нов систем за јавен превоз кој треба да биде готов до 2021 година. Во меѓувреме, во градот очигледно преовладуваат автомобилите додека пешаците и велосипедистите не само што треба да внимаваат при преминувањето на улиците и пешачењето на тротоарите заради ниската сообраќајна култура, туку исто така треба да се плашат и од вдишувањето на шокантно високите нивоа на загадување на воздухот, кои се предизвикани од истите возила што тие се обидуваат да ги избегнат. Владини претставници имаат споменувано и други мерки, вклучувајќи и забрана за поминување на тешки возила низ центарот на градот, субвенции за чистење оџаци, ослободување на трудници и лица над 60 години од работа, па дури и надзор со дрон за да се следат и казнуваат големите загадувачи.


Во меѓувреме поединци, движења и организации започнаа да соработуваат и заеднички да настапуваат против неправдите заради загадувањето на воздухот. Апликацијата AirCare што изработена од Горјан Јовановски ја стави моќта на информацијата во рацете на граѓаните. Досега апликацијата е преземена над 200.000 пати. Многу граѓански движења стануваат се’ погласни по ова ова прашање вклучувајќи ги „Скопје Смог Аларм“, здружените „Зелен Фронт“ како и Скопскиот огранок на движењето „Петоци за Иднината”, неколку од кои минатиот петок беа приведени од страна на властите заради герила акција која ја потенцираше поврзаноста на загадувањето на воздухот со здравствените последици врз луѓето. Движења од целиот Балкански регион, исто така, се здружуваат овој петок, 28 февруари да бараат чист воздух. Протестите се најавени во 9 градови низ 5 земји. Бидејќи времето станува потопло и смогот полека почнува да се крева од нашите градови, проблемот со загадувањето на воздухот станува се’ помалку видлив, но заканата и неправдите не се само сезонски.


Извори

  1. Air Pollution: Everything You Need to Know (NRDC)

  2. Air Pollution and Climate Change (IASS)

  3. Air pollution and climate change: two sides of the same coin (UNEP)

  4. Air Pollution, Climate and Health (WHO)

  5. Inside Skopje, Europe's most polluted capital city (Al Jazeera)

  6. Press release: EU action on Western Balkans’ chronic coal pollution is a unique opportunity to improve health and productivity (HEAL)

  7. How Skopje, North Macedonia is using innovative tech to clean up air pollution (ITU News)

  8. Macedonia takes emergency measures against air pollution (Business Insider)

  9. Residents spur policy makers into action on air pollution in Skopje (Eltis)

  10. Air pollution a growing threat for North Macedonia (Emerging Europe)

  11. Health Impacts and Economic Costs of Air Pollution in the Metropolitan Area of Skopje (Sanchez Martinez et al)


Comments


bottom of page